Инженерите на руската фабрика БМГ, која произведува автобуси од марката „Волгабус“, со седиште во Волжски (915 километри јужно од Москва) покрај Волгоград, развија теренско возило, автобус опремен со вештачка интелигенција и дизајниран за движење по Арктикот, соопшти фабриката на својата интернет-страница.
Возилото се вика Snowbus и е дизајнирано по принципот на верижни вагони. Како што тврдат неговите творци, на тој начин би требало да биде олеснето совладувањето пречки до висина од 1,6 м. Благодарение на тракцијата во осумте импресивни тркала, секој „вагон“ може да функционира на снег и мраз, создавајќи мал притисок на површината. Ова неверојатно превозно средство ќе има и амфибиски карактеристики.
„Зад нас се две години сложени научни истражувања и изградба со примена на технолошки иновации, така што возилото е речиси завршено. Додека на полето на производство и во градовите употребата н беспилотниот систем е многу ограничена, ние влегуваме во бесконечните пространства на беспаќето, каде можеме да експериментираме со технологии на компјутерската визија и вештачката интелигенција“, напиша Алексеј Бакулин, директор на проектот на својата фејсбук-страница.
Интегрираниот пребарувач и софтверот кој користи вештачка интелигенција ќе овозможат поларниот автобус да се движи без возач. Конечно, треба да се напомене дека се работи за хибридно (дизел-електрично) возило со автономија на движење од 120 часа.
Поларниот автобус е комплетно развиен во Русија и создаден со примена на домашни компоненти, технологии и софтвер. Благодарение на компјутерскиот вид, вградените средства за навигација и технологиите на вештачка интелигенција, теренецот е во состојба да се движи самостојно, се вели во прес-материјалот на производителот.
Теренското возило без возач го разви холдингот „Бакулин Моторс Груп“, познат по производството на автобуси и еден од пионерите во областа на автономните возила. Холдингот има производствени погони на две места – во Волгоградската и Владимирската област.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче