Трибината насловена како „Македонско-руските економски односи“ е првата од серијата трибини што ги организира Рускиот центар при УКИМ на која ќе стане збор за досегашните придобивки од економската соработка помеѓу двете земји. Вовед и краток преглед ќе даде м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонска-руска стопанска комора.
Економските односи помеѓу двете земји, од нивната независност до денес, бележи нагорна тенденција. Македонските производители место за своите земјоделски производи наоѓаат на рускиот пазар веќе подолг период и имаат мошне добра репутација кај руските потрошувачи.
Презентацијата ќе содржи конкретни бројки во врска со трговската размена помеѓу двете земји, а исто така ќе се разгледаат и современите тенденции, како и можноста за подобрување на заемните бизнис-односи и иднината од економската соработка.
На настанот посетителите ќе имаат можност да поставуваат прашања и да решат определени дилеми кои се однесуваат на економската соработка помеѓу двете земји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче