Путин: Девизните и златни резерви на Русија за првпат го покриваат нејзиниот надворешен долг

Економија
RUSSIA BEYOND
За првпат во историјата на Русија девизните и златните резерви го покриваат нејзиниот надворешен долг, и тоа не само државниот, ами и долгот на комерцијалниот сектор, соопшти претседателот Владимир Путин во своето обраќање до Федералното собрание.

„Имаме моќна сигурносна воздушна перница. Можам да ве известам – и тоа е убава и добра вест – за првпат во историјата нашите резерви во целост го покриваат надворешниот долг како на нашата држава, а тој воопшто не е голем, така и на долгот на комерцијалниот сектор“, рече Путин.

Претседателот на Русија исто така издвои четири приоритети за развојот на руската економија: пораст на продуктивноста на трудот, зголемување на извозот на несуровински производи, подобрување на бизнис-климата и укинување на ограничувањата за економијата, како и подготовка на кадри.