Претседателот на РФ Владимир Путин на заседанието на Федералното собрание, 20.02.2019.
Kremlin Pool /Global Look PressПретседателот на РФ Владимир Путин во обраќањето до Федералното собрание издвои четири приоритети во развојот на руската економија: раст на продуктивноста на трудот, зголемување на извозот на несировинските производи, подобрување на деловната клима и укинување на ограничувањата за економијата, како и подготовка на кадри.
„Потребно ни е високо темпо на економски раст. Само така можеме да ја победиме сиромаштијата“, уверен е Владимир Путин.
Рускиот претседател им наложи на Владата и Централната банка да ги достигнат планираните показатели на инфлација.
Шефот на руската држава истакна дека првпат во историјата на Русија нејзините девизни и златни резерви целосно го покриваат надворешниот долг. „Имаме моќно сигурносно воздушно перниче“, соопшти Путин.
Претседателот на РФ нагласи дека темпото на раст на руската економија во 2021 година мора да биде поголемо од 3%.
Платите на буџетските вработени мораат да растат со темпо кое е не пониско од инфлацијата, додаде рускиот лидер.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче