Путин кажа во кој точно орган си пукаат оние кои го држат американскиот долар подалеку од Русија

Николај Гинзагов/Global Look Press

Претседателот на Русија Владимир Путин демантираше дека Русија наводно прави сѐ што може да ја намали зависноста од американскиот долар туку, напротив, доларот самиот си заминува од Русија.

„Нашата цел не е да ја намалиме улогата на доларот во руската економија“, изјави Путин на инвестицискиот форум на ВТБ Капитал „Русија повикува!“ во Москва, пренесуваат медиумите. Дури и ако Русија оди кон тоа да ја намали зависноста од американскиот долар, таа го прави тоа постепено, не сакајќи поради тоа да предизвика штета, додаде Путин.

„Доларот е тој кој нѐ напушта. И оние кои ги носат таквите одлуки не си пукаат себеси во нога, туку малку погоре. Затоа што поради таквата нестабилност на доларот светската економија веднаш бара друга алтернатива, други валути“.

Владимир Путин истакна дека договорот за испорака на руските системи за ПВО С-400 на Турција е изведен без учество на американскиот долар. Тоа е само еден од примерите за успешно работење без доларот, вели рускиот претседател.

Прочитајте повеќе: Русија ги собира првите плодови на ослободувањето од зависноста од доларот

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња