Државната Дума најави можност за воведување на крипторубља

Pixabay
Во Русија по усвојувањето на законот за регулирање на пазарот на криптовалути со согласност на Банката на Русија може да се појави крипторубља.

Крипторубљата во дигиталниот простор може да стане целосен еквивалент на важечката декретна рубља, изјави за РИА „Новости“ Анатолиј Аксаков, претседател на комитетот на Државната Дума за финансиски пазар.

„Тоа е истата ова рубља што ја имаме сега, само во шифриран вид. Со помош на неа ќе се следи прометот меѓу сопствениците на блокчеин... Информациониот систем може да распоредува токени, дигитални права на привлекување средства во реализацијата на проектите. Сите права се земаат предвид на информационата платформа. Тој ресурс овозможува размена на пари и криптовалути. На пример, уплатувате во банка 100000 рубли и добивате 100000 крипторубли. Со други зборови, односот меѓу криптовалутата и декретните пари е 1:1. Понатаму тие средства ги користите за да купите роба која се вреднува во блокчеинот, објасни Аксаков.

„Кога блокчеинот во нашата економија ќе зазеде суштински важно место, тогаш, според мене, ќе се појави потреба за опслужување на прометот на роба и економските процеси со помош на крипторубли. Очигледно е дека тој процес ќе го регулира Централната банка и таа треба да му го овозможи правото на таков инструмент да се појави. Засега Централната банка е воздржана и внимателна по тоа прашање“, објасни тој.

Во Русија сѐ уште не е дефиниран правниот статус на смарт-договорот, криптовалутата, ICO проектите, мајниногот и краудфандингот. Во март до Државната Дума беа поднесени нацрти на три закони кои треба да ја отстранат таа празнина и во целина да обезбедат регулација на сферата на дигиталната економија. Меѓутоа, Банката на Русија во повеќе наврати го изрази својот став дека е недопустлива размената на криптовалути со рубли, друга валута или имот, бидејќи дури и во случај на идентификација на конечниот сопственик се отвора можност за легализација на сомнителни трансакции.

Истиот пратеник претходно изјави дека Државната Дума планира до крајот на годината да усвои закони за криптовалута и краудфандинг, но истовремено нагласи дека засега не е планирано внесување на идејата за крипторубли во пакетот на тие нацрт-закони,

„Тоа го нема во нацрт-законите. Тоа се само мои фантазии за она што според мене ќе биде во иднината. Општеството сѐ уште не ја формулираше таквата потреба. Засега создаваме пред сѐ правни можности за реализација на ICO проекти во рамките на руската јурисдикција и предвидуваме механизми за заштита на правата на инвеститорите и правила за работа на операторите, како и барањата за нивно делување и за функционирање на информациониот систем. Најпрвин создаваме инфраструктура, а потоа таа инфраструктура можеби ќе бара примена на криптовалута, но само на онаа која има покритие“, рече Аксаков.

Прочитајте повеќе: Основите на блокчеин и криптовалутите вклучени во програмите на руските универзитети

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња