Урнати сите рекорди: Русија во 2018 со приход од дури 19 милијарди долари од продажба на оружје

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Русија во 2018 година (до ноември) потпиша речиси 1100 извозни договори тешки 19 милијарди долари за продажба на вооружување, соопшти информативната служба на компанијата „Рособоронекспорт“. Срушен е досегашниот рекорд во висина на потпишан договор кој оваа руска компанија го потпишала со некој купувач.

„Вкупно во 2018 година е договорен голем број на извозни зделки со 40 земји од целиот свет. Притоа се склучени преку 1100 купопродажни договори чија вкупна вредност достигнува сума од 19 милијарди американски долари, што е за 25% повеќе отколку истиот период лани“, истакна првиот човек на „Рособоронекспорт“ Александар Михеев.

„Оваа статистика јасно ни кажува дека квалитетот на руското вооружување и неговите потврдени карактеристики се во пракса клучните елементи кои ги определуваат нашите купувачи и понатаму да останеме цврсти партнери“, нагласи Михеев. Според него, „Рособоронекспорт“ сѐ повеќе ги зацврстува своите позиции на светскиот пазар на вооружување и воена техника, без оглед на конкуренцијата која е многу сурова. Првиот човек на компанијата специјализирана за извоз напомна дека неодамна е склучуван најголемиот договор во историјата на „Рособоронекспорт“ кога на Република Индија ѝ беа продадени противвоздушни ракетни системи С-400 „Триумф“.

Од информативната служба на „Рособоронекспорт“ забележуваат дека во 2018 година компанијата зела учество во 16 големи меѓународни саеми и форуми, при што до крајот на годината оваа бројка ќе нарасне на 22. Големиот саем на вооружување и воена опрема „Евроазиско авиошоу“ во Анталија, потоа Меѓународниот далекуисточен поморски саем во Владивосток и ADAS-2018 на Филипините се настани каде оваа компанија учествуваше првпат. На крајот на годината компанијата се подготвува за уште едно учество - на манифестацијата EDEX-2018 во Египет.

Од компанијата напомнуваат дека оваа година понудата на „Рособоронекспорт“ е проширена со нови модели воена техника како што се ловецот на тенкови „Спрут-СДМ1“, борбените бродови „Каракурт“, „Сарсар“, авиоцистерната Ил-78МК-90А, воено-транспортниот авион Ил-76МД-90А(Э).

Прочитајте повеќе: Договорот за испорака на руските С-400 на Индија склучен во рубли