Сирија реши да набави руски патнички авиони МС-21

Global Look Press
Дамаск е заинтересиран да ја обнови својата воздушна флота и да набави руски патнички авиони МС-21. Сирија бараше да добие приоритет на листата на купувачи, изјави министерот за сообраќај на оваа земја Али Хамуд.

Според него, за Сирија набавката на авиони од руско производство е „сон што треба што побргу да се оствари”, пренесува РИА „Новости”.

„За мене лично една од главните задачи на Министерството за сообраќај е да се обрати до Русија со цел набавка на сѐ што е потребно во врска со авионите... Ние од пријателската руска страна баравме Сирија да добие право на првенство во набавката на овие авиони“, изјави Хамуд.

Во септември беше објавено дека вкупната вредност на проектот за производство на патничкиот авион МС-21 до 2025 година ќе биде околу 465 милијарди рубли (6,2 милијарди евра).

МС-21 е наменет за воздушни линии со должина до 5,5 илјади километри во сите климатски зони, во секоја доба на денот, во едноставни и отежнати временски услови. Брзината на крстосување на авионот е 850 километри на час. МС-21 може да полета од аеродроми кои се наоѓаат на висина до 3000 метри на морското ниво.

Погледнете го видеото: Полета најновиот руски авион МС-21

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња