Извозот на Македонија во Руската Федерација лани зголемен за 10,6 отсто

Вкупниот обем на трговската размена меѓу Република Македонија и Руската Федерација мината година е во пораст во сите сегменти, при што македонскиот извоз пораснал во висина од 10,6%.

Македонија и Русија во 2017 тргувале со стока вредна 202,6 милиони американски долари (лани 191,9 милиони долари), што е 5,6 отсто повеќе во споредба со 2016 година. Притоа, македонските компании пласирале стока на рускиот пазар за 54,1 милиони долари (лани за 48,9 милиони долари) - поточно 10,6% повеќе од претходната година.

Во текот на 2017 година пораснал и увозот од Руската Федерација - 3,9%. Македонските компании од рускиот пазар увезле стока во вредност од 148,4 милиони долари (во 2016 - 142,9 милиони САД долари).

Македонската страна бележи намалување на трговскиот дефицит, но и тој и понатаму е висок и изнесувал во 2017 година 94,3 милиони долари. Во Руската Федерација македонските компании најмногу пласирале производи од земјоделството и прехранбениот сектор, а во увозот доминираат енергенсите, се вели на сајтот на Македонска-Руска стопанска комора.

Прочитајте повеќе: Македонија бележи пораст на извозот во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња