Аналитичари: Цената на руската пченица го достигна максимумот од крајот на 2014 година

Reuters

Просечните извозни цени на руската пченица минатата недела пораснаа за 15 долари, достигнувајќи 231,5 долари за тон, пишува весникот „Комерсант“ повикувајќи се на „Совекон“ (Совэкон). Како што нагласуваат аналитичарите, цените ги достигнаа максималните вредности од крајот на 2014 година. Според податоците на Институтот за конјунктура на аграрниот пазар руската пченица поскапела минатата недела за 11 долари и достигнала цена 234 долари за тон. Генералниот директор на „Прозерно“ Владимир Петриченко ја проценува просечната цена за тон на 232 долари.

Како што истакнува директорот на „Совекон“ Андреј Сизов, растот на цените е поврзан со јакнењето на светските пазари. Според податоците кои ги изнесуваат аналитичарите, откупните цени на пченицата во длабоководните пристаништа минатата недела се зголемени од 10,5-11,1 илјади рубли до 11,2-11,7 илјади рубли за тон. Според предвидувањата на Сизов, цената на пченицата би можела да падне во пресрет на објавувањето од страна на Министерството за земјоделство на САД на новиот извештај со прогноза за приносите на житарките на главните пазари. Како што забележува експертот Дмитриј Риљко, пченицата поскапуваше на фонот на намалувањето на прогнозите за приносите во Европа и проблемите со квалитетот на руската реколта, значи, фактори кои во значителна мера се исцрпени. Доколку во блиска иднина не се појават некои други негативни вести, како што наведува тој, растот на светските цени на пченицата ќе биде забавен.

Петриченко, пак, верува дека цените можат да ги надминат актуелните вредности. Според податоците на Министерството за земјоделство на РФ, во јули оваа година РФ на странските пазари испорачала 3,8 милиони тони пченица, што е 2,4 пати повеќе од соодветниот период во претходната година. Вкупниот извоз на житарки за овој месец достигна 4,73 милиони тони, што е 1,8 пати повеќе во однос на 2017 година. 

Прочитајте повеќе: Молневит пораст на извозот: Половина свет купува руската пченица

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња