Во вторникот бродот Pioneering Spirit продолжи со поставувањето на вториот крак на гасоводот „Турски тек“.
Бродот се движи во правец на градот Кијикеј во Турција, се вели во соопштението на изведувачот на работите, пренесува ТАСС.
Откако на 20 јуни вплови во Црното море, Pioneering Spirit ги заврши подготвителните работи, вклучувајќи го потопувањето на специјалната конструкција низ која цевководот се спушта на дното и проверката на опремата за поставување на цевководот.
„Турски тек“ е гасовод што се гради од Русија до Турција низ Црното море. Планирано е во рамките на овој проект да се изградат четири крака, со тоа што секој ќе има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас.
Компанијата „Гаспром“ на почетокот на јуни соопшти дека планира и изградба на „Турски тек“ по дното на морето до Бугарија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче