Рускиот државен извозник на оружје „Рособоронекспорт“ на странските купувачи им испорача од почетокот на оваа година воени производи во вредност од преку седум милијарди долари, изјави генералниот директор на компанијата Александар Михеев.
Михеев нагласи дека „Рособоронекспорт“ продолжува со сигурниот развој и јакнењето на своите позиции на светскиот пазар на оружје. Портфолиото на нарачки на компанијата е зголемено на преку 45 милијарди долари, а склучени се околу 600 договори во вредност од девет милијарди долари. Во оваа година шест земји станаа нови купувачи на руско оружје, тврдат од државната компанија за извоз на оружје.
Како што е наведено на официјалниот сајт, на воено-техничкиот форум „Армија 2018“„Рособоронекспорт“ очекува значително да се зголеми потенцијалот на компанијата, меѓу другото, и благодарение на извозните новитети кои ќе ѝ бидат претставени на јавноста. На форумот „Армија 2018“, кој ќе се одржи во паркот „Патриот“ во Подмосковје од 21 до 26 август, „Рособоронекспорт“ ќе претстави вкупно преку 350 единици воена техника и оружје. Планирани се разговори со претставници на преку педесет земји.
Како што истакна Михеев, се очекува и голем исчекор кога е во прашање Африка, затоа што покрај традиционалните партнери од земјите од Северна Африка, на штандовите и деловниот простор на компанијата на форумот се очекуваат претставници на шеснаесет земји јужно од Сахара, пренесуваат руските медиуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче