Како што се наведува, рускиот гасен гигант има намера до крајот на годината да инвестира во проектот 190 милијарди рубли, додека во периодот меѓу 2012 и 2016 година има вложено 361 милијарди рубли.
Како што претходно истакна претседателот на Управниот одбор на „Гаспром“ Алексеј Милер, транзитот на гас преку Украина по 2019 година и пуштањето во работата на гасоводите „Северен тек 2“ и „Турски тек“ ќе биде намален за десет пати.
Генералниот директор на Институтот за национална енергетика Сергеј Правосудов неодамна во разговор за ФАН ја коментираше ситуацијата во врска со изградбата на „Турски тек“, изјавувајќи дека за разлика од Европа, Анкара ни на зборови ни на дело не ја тангира судбината на украинскиот транзит на гас. Како што рече тој, „за нив е најважен оптималниот пристап до енергетските ресурси“:
„Турски тек“ е проект на гасовод наменет за извоз на гас од Русија во Турција преку Црното море и понатаму до турската граница со одредени земји. Еден крак на гасоводот е наменет за турскиот пазар, а вториот за европските земји. Изградбата на морската делница на „Турски тек“ почна на 7 мај 2017 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче