Амбасадорот на Индонезија во Русија Вахид Супријади изјави дека меѓу Русија и Индонезија е потпишан договор за испорака на 11 најнови авиони на компанијата „Цивилни авиони на Сухој”.
„Сосем неодамна индонезиската страна потпиша договор за набавка на 11 најнови авиони „Сухој“ од Русија“, изјави Супријади, пренесуваат медиумите.
Амбасадорот истакна дека се работи за „многу голем“ договор.
Sukhoi Superjet 100 е руски патнички авион за кратки летови, наменет за превоз на 98 патници на оддалеченост до 3000 или 4600 километри. Конструиран е од компанијата „Цивилни авион на Сухој” во соработка со низа странски компании.
Претходно беше соопштено дека „Сухој” планира до 2020 година да испорача до 40 авиони на две ирачки авиокомпании.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче