Иран ќе купи од Русија опрема и авиони SSJ-100 за 21 милијарда долари

Иран и Русија потпишаа низа договори за купување руска авио-вселенска опрема во вредност од 21 милијарди долари.

Иран и Русија потпишаа низа договори за купување руска авио-вселенска опрема во вредност од 21 милијарди долари. Иран ќе купи руски авиони Сухој „Superjet 100”, изјави директорот на Националниот вселенски центар на Иран Манушехр Мантеки во интервју за „Спутник”, а пренесува РИА „Новости”.

Како што соопшти Мантеки, договорите се потпишани на меѓународната авио-космичка изложба „МАКС-2015”, која беше одржана во Москва кон крајот на август.

„Во текот на нашето учество на авио-салонот „МАКС“ во Русија потпишавме нови договори за купување авио-вселенска опрема од Русија со вкупна вредност од 21 милијарди долари, вклучувајќи руски авиони „Сухој Суперџет 100“, изјави Мантеки. Меѓутоа, тој не наведе за колкава бројка авиони станува збор, ниту го наведе износот на договорот.

Претставникот на Техеран додаде дека „руската космичко производство е општопризнато и ние секогаш тежнееме да ја унапредиме соработката во таа област“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.