Сигурноста на рускиот авион „Сухој Суперџет 100” за година дена унапредена за 22%

SSJ-100

SSJ-100

Agung Kuncahya B/Xinhua/Global Look Press
„Цивилна авијација Сухој” планира да воведе систем за онлајн-контрола на техничката состојба на авионот.

Сигурноста на рускиот авион „Сухој Суперџет 100“ (SSJ-100) за година дена е подобрена за 22,4%, соопшти за ТАСС официјален претставник на производителот на авиони, компанијата „ Цивилна авијација Сухој“.

„Показателот за сигурност на авионот K1000 (кој го покажува бројот на откажувања на функции и дефекти на 1000 часа лет) од октомври 2016 година ноември 2017 година е подобрен за 22,4% на ниво на целата флота“, рече тој.

„Цивилна авијација Сухој“ исто така планира да воведе систем за онлајн-контрола на техничката состојба на воздухопловот.

„Контролата на техничката состојба на авионот во режим на реално време овозможува да се забрза откривањето и отстранувањето на дефектите, што ќе ја зголеми безбедноста на летовите и значително ќе го скрати времето на исклучување на авионот од сообраќај“, изјави официјалниот претставник на компанијата.

Воведувањето на база на податоци за дефекти и инциденти за секој авион е неопходно за статистички процени со цел примена на мерки за зголемување на сигурноста на системот за воздушен сообраќај, процена на ефикасноста во процесот на дијагностицирањето и отстранувањето на дефектите, подобрување на системот за бележење и пренос на податоци за летот, објаснува тој.

Во случај кога за време на летот се појават пречки во функционирањето на авионот, техничките служби ќе ги добијат податоците за тоа и навремено ќе подготват отстранување на неисправноста.

Претставникот на компанијата истакнува дека за воведување на системот во авиокомпаниите кои користат SSJ-100 е потребна модернизација на апликациите во рамките на системот за техничко одржување на авионите.

„Новиот систем успешно го помина тестирањето на пробните авиони SSJ100 и е сертифициран. Во моментов програмата е на пробно користење кај еден авиопревозник“, додаде тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња