Проектил од овој систем лета со балистичка траекторија и се наведува во текот на целиот лет. Тоа е ракета на цврсто гориво со еден степен и дострел од 120 км. Борбениот дел е тежок 482 кг. Покрај распрскувачко-фугасни и касетни боеви глави, може да носи и неколку верзии на нуклеарни боеви глави со сила од 200 килотони.
Лансерот е потполно автономен. Системот во тек на марш за 16 минути се доведува во состојба на полна борбена готовност.
Ракетата се лансира далечински од засолниште, а потоа брзо се менува положбата поради можност од возвратен напад.
Системот „Точка-У“ беше главното офанзивно оружје на копнената војска додека не се појави „Искандер“. Сега ракетните единици увежбуваат ракување со новиот систем, но руската војска во својот арсенал сѐ уште поседува околу 300 стари системи „Точка-У“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче