Во 2017 година шише вотка со златни букви испишани преку хотелот Москва беше петтиот најпродаван бренд вотка на светот. Зад кулисите, меѓутоа, се одигруваше немилосрдна борба со полициски рации и тужби од повеќе милиони долари помеѓу двајца производители за сопствеништвото над брендот.
Еден ден во септември 2002 година московската полиција упадна во седиштето на фирмата на улицата Долгоруков. Полицајците вршеа истрага 22 ласа, пребаруваа низ документите на сите четири ката.
Фирмата му припаѓаше на алкохолниот олигарх Јуриј Шефлер. Шефлер претходно истата година избега од Русија каде му се закануваше затворска казна поради наводна кражба на правото на брендот Столичнаја, една од најпознатите марки вотка на светот.
Русија тврдеше дека Шефлер незаконски купил повеќе брендови под пазарната цена, користејќи го хаосот од крајот на деведесеттите години од минатиот век, и дека платил само 45 милиони долари за заштитните знаци кои вредат од 400 милиони до 1 милијарда и 400 милиони американски долари.
Јуриј Шефлер
Валериј Левитин/SputnikРуските власти со рацијата од 2002 година сметаат дека ја парализирале работата на Шефлер, но управувајќи со компанијата од Велика Британија, прогонетиот бизнисмен продолжи да заработува милиони, извезувајќи ја Столичнаја и многу нејзини варијации на американскиот и на други меѓународни пазари.
Во меѓувреме руската влада започна скап судски процес против компанијата на Шефлер, како и против производството и продажбата на сопствениот бренд Столичнаја.
Иако беа исцрпени со скапата парница, компаниите ја продолжуваат борбата за сопственичките права над брендот. Сојузплодоимпорт во државна сопственост ја произведува Столичнаја во Калининград, додека С.П.И. Груп на Шефлер го пресели производството во Латвија.
На 9 јануари 2018 година Судот во Холандија сепак пресуди дека правата на вотката Столичнаја му припаѓаат на Сојузплодоимпорт и дека С.П.И. Груп мора да врати сè што заработила на пазарот на Бенелукс од 1999 година.
Шефлер се заколна дека ќе се жали на оваа одлука, а победникот во спорот тврди дека правдата е задоволена. Овој пазар, сепак, е само мал дел од подрачјето на кое се продава популарниот бренд. Станува збор за големи пари и борбата сигурно ќе продолжи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче