„Сибир-кола“: освежителни пијалаци на домашен начин

Газираните лимонади со егзотични билки, меѓу кои спаѓаат „Сајани“ и „Бајкал“ се прават до денешен ден според стариот советски рецепт и не ја губат својата популарност. Извор: Press Photo.

Газираните лимонади со егзотични билки, меѓу кои спаѓаат „Сајани“ и „Бајкал“ се прават до денешен ден според стариот советски рецепт и не ја губат својата популарност. Извор: Press Photo.

Идејата на освежителните пијалаци да им се додаваат екстракти од билки кои стимулативно делуваат на организмот го направи бесмртен аптекарот од Атланта Џон Пембертон. Оваа идеја ја искористија и руските прехранбени стручњаци, кои со додавање на локални билки патентираа неколку успешни енергетски пијалаци. Меѓу нив се и познатите освежителни пијалаци „Сајани“ и „Бајкал“ Велат дека вториов е специјално направен за на советскиот човек да му помогне да го заборави омразениот пијалак на Пембертон – Кока-кола.

Во областите источно од Урал расте корисна билка која не се среќава на ниту едно друго место во светот. Една од овие треби со чудесни својства е левзејата (лат. Rhaponticum carthamoídes), која стручњаците од советскиот Институт за прехранбена индустрија своевремено ја употребиле како додаток за обичната лимонада – интензивно газиран пијалак од лимонов сок и шеќер. Така во шеесеттите години од минатиот век бил патентиран пијалакот „Сајани“, кој го добил своето име според планинскиот венец на истокот на Сибир каде во дивината расте оваа билка. 

На етикетата од пијалакот „Сајани“ е прикажан марал (сибирски вид елен) на фонот на планински пејзаж. Корисните особини на оваа билка ја откриле локалните ловџии, откако забележале дека болните животни ги откопуваат нејзините корени и ги јадат за да се излекуваат. Оттука потекнува и народниот назив за оваа билка „коренот на марал“. Не се знае колку вистина има во оваа легенда, но фармаколозите во левзејата откриле голем број корисни алкалоиди, меѓу кои е и 20-хидроксиекдисонот, супстанција која има дејство слично на анаболичките стероиди, со тоа што не предизвикува штетни дополнителни појави. 20-хидроксиекдисонот им се препорачува на спортистите кои сакаат да ја зголемат мускулната маса, а притоа да не ја загрозат хормоналната рамнотежа. Пијалакот „Сајани“ можат да го пијат и деца, зашто тој содржи мало количество левзеја, токму колку што е потребно лимонадата да добие егзотичен вкус.

Темно кафеавата боја на „Бајкал“, која не се разликува од бојата на Кока-кола, наводно е направена намерно со цел советскиот човек да го истисне од употребата „развратниот“ западен пијалак, симбол на „гнилиот“ западен начин на живот.

Еден друг многу познат сладок газиран пијалак од Русија исто така носи сибирско име – „Бајкал“, според најголемото слатководно езеро на светот. Билките кои на овој пијалак му даваат арома што потсетува на четинари и горчливо-киселкаст вкус се среќаваат и во европскиот дел на Русија, па и во Европа. Но, и за овој пијалак постои легенда. Темно кафеавата боја на „Бајкал“, која не се разликува од бојата на Кока-кола, наводно е направена намерно со цел советскиот човек да го истисне од употребата „развратниот“ западен пијалак, симбол на „гнилиот“ западен начин на живот. 

Дури и да е така, на комунистичките нутриционисти во овој случај можеме само да им честитаме. Комбинацијата на познатите билки како што се дафиновиот лист, семето од коријандер, слаткиот корен и некои други состојки, кои на „Бајкал“ му даваат специфична арома, е толку успешна што никакви рекламни кампањи на западните фирми, па дури ни на производителот на Кока-кола, не можат на овој пијалак да му ја одземат стабилната позиција што ја зазема на рускиот пазар. 

Русите се гордеат со „Бајкал“ речиси исто онолку колку и на руската вотка, а овој пијалак навистина заслужува да го пробате. Но, бидете внимателни зашто не сите фабрики што го произведуваат овој пијалак се придржуваат кон советските стандарди. Само неколку компании, и тоа најчесто во големите градови, се придржуваат кон рецептор. Во Москва или во Санкт Петербург чаша ладен „Бајкал“ најверојатно ќе го има автентичниот вкус и сигурно нема да ве разочара.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња