Колку чини луксузен стан во Москва?

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Луксузен стан во рускиот главен град може да чини и 100 милиони рубли, а бројот на квадратни метри за таа цена од година во година се намалува.

Просечната цена  на луксузен стан изнесува речиси 100 милиони рубли, односно околу 1,7 милиони долари (1,45 милиони евра), соопштува порталот „Лента.ру“, повикувајќи се на податоци на компанијата Welcome.

Стручњаците во сферата на недвижнините велат дека во октомври биле продадени 40 такви станови. 

Истовремено истакнуваат дека просечната квадратура на луксузните станови во Москва се намалила од 181 на 129 метри квадратни.