За 1.000.000 долари во Москва може да се купи елитен стан од само 43 квадратни метри

Кога станува збор за цената на квадратниот метар на елитните станови, Москва се наоѓа меѓу лидерите.

Во годишниот рејтинг на The Wealth Report (се оценува економската активност, квалитетот на животот, влијателноста на мегаполисите), кој е составен од консталтинг-компанијата Knight Frank, во 2013 Москва се најде на 30-то место. Економски и политички најважен град повторно стана Њујорк (1 место), потоа следуваат Лондон, Париз, Токио, Хонгконг, Сингапур, Сиднеј. Москва е зад Пекинг (15 место), Лос Анџелес (20 место), Шангај (24 место), Мајами (26 место), Женева (27 место), Дубаи (29 место).

Сепак, кога станува збор за цената на квадратниот метар на елитните станови, Москва се наоѓа меѓу лидерите. Во 2013 година Москва се најде на седмото место во светот според цените на елитни станови. Цената на квадратен метар во таквите станови во Москва чини од 22.000 до 24.000 долари, забележува Елена Јургенева, директор на одделот за недвижност во Русија и  ЗНД во компанијата Knight Frank. Поскапи се становите само во Монако 60.000$ - 63.700$, Хонгконг - 49.200$ - 54.400$, Лондон - 41.900$ -46.300$, Женева - 29.300$ - 32.400$, Париз - 25.300$ - 28.000$, Сингапур - 25.200$ - 27.800$.

За разлика од Москва, метарот квадратен за елитните станови е понизок во Њијорк, Сиднеј, Шангај, Пекинг, Рим, Мајами, Токио, Лос-Анџелес, Дубаи...

Така, доколку инвеститор кој има 1 милион долари сака да вложи во московскиот елитен пазар на недвижнина, тој ќе може да купи само 43 квадратни метра во Москва. Во Њујорк и Сиднеј за таа сума ќе може да купи 44 квадрати, во Шангај - 48 квадрати, во Пекинг - 57 квадрати, додека во Рим - 63 квадрати, Мајами - 68 квадрати, Токио - 71 квадрат, Лос Анџелес - 73 квадрати, а во Дубаи дури 169 квадратни метра.

Најскап предлог за стан во моментов во Москва - е пентхаус без ремонт со вид на Кремљ, во реконструирана зграда од 1912 година. Цената на овој стан изнесува - 70 милиони долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња