Експерт: Договорот ОПЕК+ му донесе на рускиот буџет 40 милијарди долари дополнителен прилив

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев тврди дека без овој договор цените на нафтата би паднале под 35 долари за барел.

Склучувањето на спогодбата ОПЕК+ им овозможи на буџетите на Русија и на Саудиска Арабија да остварат прилив од дополнителни 40 милијарди долари, изјави за телевизија „Русија 24” директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев.

„Оваа спогодба на рускиот и на саудискиот буџет им донесе околу 40 милијарди долари дополнителен приход – и на Русија, и на Саудиска Арабиа“ изјави тој.

Според Дмитриев, соработката на земјите со цел стабилизирање на цените на нафтата „вроди со плод“. „Сметаме дека цените на нафтата без оваа спогодба би паднале под 35 долари за барел“, истакна тој.

„Оваа спогодба во значителна мера ја изгради довербата меѓу земјите и покажа дека по пат на соработка можеме да постигнеме многу значајни, сериозни резултати“, изјави тој.

Дмитриев исто така истакна дека на 3 ноември голема руска бизнис-делегација ќе ја посети Саудиска Арабија и ќе ги проучи можностите за вложување за руската индустрија во оваа земја.