Отвореното прво наоѓалиште на шелфот од рускиот нафтен гигант „Роснефт“ во Источен Арктик може да стане најголем во регионот по обем на нафтената екстракција. Според процените на аналитичарите до 2050 година шелфот ќе може да обезбедува 20-30% од целата руска нафта.
Компанијата исто така има големи очекувања. „Апсолутно е јасно дека тоа е среќа, среќа, која е диктирана од колосалниот труд на геолозите и работниците на сондите“, рече портпаролот на „Роснефт“ Михаил Леонтиев.
Темпото на освојување на шелфот е импресивно: компанијата почна со сондирање во април 2017 година, веднаш по телевизискиот мост на рускиот претседател Владимир Путин, кој тогаш ја опиша работата како создавање на „цела провинција на нафта и гас која според прелиминарните податоци содржи милиони тони гориво“.
Производството во индустриски размери се очекува да започне уште во 2020-2021 година, соопшти „Комерсант FM“. Клучното прашање како и секогаш е она каков ќе биде односот помеѓу трошоците и цената по која ќе се продава нафтата. На пазарот на нафта се забележува долгорочна тенденција на пад на цените. А, како ќе се вклопи во неа руската арктичка „среќа“ не е јасно.
Наоѓалиштето беше отворено за време на дупчењето на најсеверниот бунар во рускиот дел на Арктичкиот гребен – „Централно-Олгинскаја-1“ во Хатангскиот залив на Море Лаптеви. Тоа е првото во историјата наоѓалиште во Арктикот. Вкупно до денес „Роснефт“ држи 28 лиценцирани делови од шелфот (вкупниот ресурс се проценува на 34 милијарди тони во нафтен еквивалент), што претставува околу 80% од вкупниот број на местата на руската компанија.
За пазувите на овој дел од шелфот се водеше жестока борба. И тоа без оглед на фактот што пред три години геолошките истражувања само на едно од кладенците се проценуваше на 200 милиони американски долари - таму немаше никаква инфраструктура, а периодот во кој во реонот може да се навигира, не надминува два месеци годишно. Сепак, па дури и независно од санкциите наметнати од страна на Западот, „Роснефт“ и неговите партнери планираат да инвестираат околу 8.4 милијарди американски долари во наоѓалиштето во наредните пет години.
Излегува прилично скапа нафта, смета главниот економист на консултантската компанија „ПФ Капитал“ Евгениј Надоршин: „Сите овие арктички проекти (заедно со неколку проекти на компанијата „Сургутнефтегас“ – заб. ред.) во моментов не можат да се наречат исплатливи. Таму без сомнение има потенцијал, но овој потенцијал е многу зад хоризонтите на прогнозите“.
Неодамна цената на нафтата на светските пазари паднаа под влијание на голем број фактор: и високото ниво на резерви во САД, и активноста на американските сондери, и растот на производството во Либија, која не е ограничена од никакви одговорности во рамките на договор со ОПЕК за намалување на производството.
Нафтата поевтинува веќе четвртата последователна недела и активностите на арктичкиот шелф тешко би можеле да се свртат во насоката на каприците на пазарот - ниту сега, ниту во моментот кога ќе започне ископувањето, согласен е директорот на одделот за анализи на финансиските пазари и макроекономија на „Алфа Капитал“ Владимир Брагин. „Во принцип во моментов тоа нема да влијае воопшто поради едноставна причина што експлоатираме и на други места, и тоа малку поевтини. Прашањето е друго - колку ќе чини транспортот, екстракција, складирањето, итн. Грубите пресметки велат дека за да се добие ваква нафта, цената на нафтата треба да е висока. А, за да биде таа висока, треба алтернативните наоѓалишта да не можат да го покријат постојното пребарување“, смета аналитичарот.
Во моментов дефицит нема. Покрај тоа, тврди аналитичарот од компанијата „Откритие Брокер“ Андреј Кочетков, во моментов условите за финансирање на развојот на ова наоѓалиште не се најевтини - при ниските светски цени задолженоста на „Роснефт“ е висока, а ограничувањата во надворешното финансирање остануваат во сила . „Соодветно ова наоѓалиште ќе се покаже корисно во доста далечна перспектива, кога на пазарот ќе започне да се чувствува дефицит“, вели експертот.
Не треба да се заборави и продолжувањето на договорот со ОПЕК за намалување на експлоатацијата. Иако во моментов неговото извршување изгледа нереално, забележува Надоршин. Уште по првиот договор склучен лани, играчите од индустријата почнаа да зборуваат за таканаречени „манипулации со обемот“ кога фирмите манипулираат со показателите за експлоатацијата и за извозот, така што е веројатно во втората половина на годината да се појават уште повеќе прашања отколку по првиот договор. „Јас исто така мислам дека дисциплината на спроведување на договорот во рамките на ОПЕК силно ќе падне во втората половина на годината. Затоа е можно големината на неисполненувањата на овој договор со каматата да смени сè што се планира како добивка во Арктикот“, вели тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче