Извор: Shutterstock / Legion Media
ABBYY Lingvo
Обично речниците најпрво излегуваат во дебели томови, а потоа, оние што ќе се покажат како најдобри, се прават во електронски формат. Во семејството речници Lingvo сѐ е поинаку. Во електронска форма тие почнаа да се издаваат уште во 1989 година, а во печатена форма од 2007. Публиката на овие речници надминува 30 милиони луѓе. Сѐ на сѐ компанијата има издадено 15 руско-странски речници, меѓу кои на англиски, германски, француски, шпански, италијански, португалски, кинески јазик. Онлајн може да ги користите речниците на сервисот Яндекс.Словари (slovari.yandex.ru).
Сајт: lingvo.ru
Linguee
За оние што учат руски или што читаат на руски, овој сервис овозможува само англиско-руски и руско-англиски речници. Другите речници тргнуваат од англискиот: англиско-германски, англиско-француски и така натаму. Но, затоа, доколку ви е потребно да дознаете некоја нијанса за употребата на зборот, речникот има незаменлива функција – под преводот на зборот дадени се примери на преведени текстови во кои е употребен тој збор. Преведувачите знаат колку е важен контекстот, па затоа тука не треба да се трага по него, туку може да се избере од множеството дадени варијанти.
Сајт: Linguee.ru
Мултитран
Уште едно популарно електронско семејство речници. Обединети се 13 јазици, меѓу кои англиски, германски, шпански, француски, италијански. Речниците може да се користат и онлајн на адресата multitran.ru. Секојдневно услугите на Мултитран ги користат повеќе од 90 илјади луѓе. Сепак, според бројот на речничките статии и според описот овој речник заостанува зад Lingvo.
Лингвистиката на работ на глобализацијата Сакате да научите руски? Се плашите дека тоа е преголем залак за вас? Прочитајте го следново интервју, па потоа донесете решение! |
Постојат неколку солидни сервиси што ги преведуваат текстовите во целост. Сепак, два се основни – translate.google.com и translate.yandex.ru. Електронските преведувачи сѐ уште се немаат научено да преведуваат точно, зашто машинскиот превод изобилува со грешки. Сепак, доколку е потребно да се сфати општата смисла на текстот, можете да ги користите и нив. А, понатаму ќе треба самите да го обмислите текстот.
Learn Russian
Постојат многу курсеви за изучување на рускиот јазик. Најразбирлив за почетници е проектот на телевизиската компанија „Russia Today“ – learnrussian.rt.com, каде што изучувањето започнува од азбуката, фонетиката, тестирањето и други основни функции. Master Russian (masterrussian.com) постои многу подолго, па затоа на него има многу поголемо количество учебен материјал. Исто така, може да го пробате и Russian Language Lessons (russianlessons.net). Работата е во тоа што учењето странски јазик е индивидуална работа. На различни луѓе им лежат различни учебни програми.
Транслитерација
Многумина од оние што учат руски или што се служат со него одвреме-навреме, сѐ уште ја немаат поставено руската поддршка на својот компјутер. Но, и за нив постои помошен сервис – translit.ru. На него постојат две важни можности. Како прво, директно онлајн може да се напише рускиот текст со користење на фонетска тастатура. А, како второ може да се пишува на руски со латиница и автоматски текстот да се претвори во кирилица.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче