Извор: Press Photo.
Фактот дека Русија во моментов учествува со 0.26% од вкупниот светски извоз на хај-тек производи не пречеше во одржувањето на минатонеделната дебата во московскиот „Технополис“, новиот руски центар за иновациско производство кој се наоѓа на местото на некогашната фабрика за автомобили. Деловни луѓе, официјални претставници и економисти учествуваа на целовечерната дискусија за изгледите на земјата да стане светски лидер во областа на високата технологија, токму на она место каде претходната генерација го следеше масовното производство на легендарниот советски „москвич“.
Оптимистите забележаа дека Русија според повеќе критериуми веќе се има квалификувано како хај-тек сила.
„Москва веќе напредуваше од 192 на 74 местото на скалилото на најинвентивни светски градови, додека рускиот пазар на иновациски бизнис-гранки е зголемен за двапати во последниве две години и сега е на 4 место по обемот во Европа, а ова го покажува индустрискиот индекс Доу Џонс“, беше речено на дебатата.
„Веќе сега победуваме на тендери за работна на нуклеарни електрани, како што е примерот со 'Темлин' во Чешката Република, каде учествуваа и светски лидери од овој бизнисот, а понекогаш се натпреваруваме и со 300 конкуренти“, изјави Сергеј Архипов, заменик на генералниот директот за иновации на ОМЗ, еден од најголемите руски индустриски комплекси и претседател на „Харвардскиот клуб“ во Русија.
„
Факт е дека уделот на објавени статии од руски автори во престижни научни списанија од 2000 година постепено опаѓа – од 3.2% на 2% - така што Русија сега се наоѓа на 15 местото во светот според овој критериум.
„Погледнете само колкави контроверзии предизвика неодамнешниот закон за реформа во науката“, се пожали Леонид Меламед, генерален директот на холдинг-компанијата „Композит“. „Тоа покажува дека таа и понатаму е високо ценета. Високото образование е престиж, додека во исто време, практиката покажува дека тоа на студентите им дава широки општи знаења.“ Факт е дека уделот на објавени статии од руски автори во престижни научни списанија од 2000 година постепено опаѓа – од 3.2% на 2% - така што Русија сега се наоѓа на 15 местото во светот според овој критериум.
Во исто време, „советскиот образовен систем е уништен, практично нема никакво влијание од страна на малите претпријатија врз образованието и не постои традиција според која овие претпријатија би биле поврзани со универзитетите, како што е случај во САД“, коментира Дмитриј Гришанков, генерален директор на престижната московска агенција за деловен рејтинг „ЕкспертРА“. „Сепак, нашите совршени студенти се мошне ценети во светот, така што заминуваат на Запад“.
Архипов веднаш возврати: „Како претседател на 'Харвардскиот клуб' можам да кажам дека пред 20 години можеше на прсти да се избројат најдобрите студенти од Харвард во Русија. Трендот [за враќање на талентираните студенти во матичната земја] е очигледен“.
„Минатата година бев домаќин на 12 стручњаци за висока технологија од целиот свет и ниту еден од нив не беше во состојба да наведе барем еден руски хај-тек бренд“, одговори на тоа Гришанков.
![]() |
|
„Постои голем број руски хај-тек компании, “ забележа Алексеј Комисаров, раководител на Одделот за наука, индустриска политика и претприемништво на градот Москва. „Заорувам за 'Јандекс' и за компанијата АBBYY, додека Сергеј Белоусов, основач на компанијата ParallelsBBYY, денес поголемиот дел од времето го минува во Русија, а не во Калифорнија, зашто смета дека тука постојат подобри работни можности“.
„Јандекс“, со централа во Москва, е четвртиот Интернет-пребарувач на светот според бројот на корисниците. Пред две години тој достави иницијална јавна понуда на берзата NASDAQ и оттогаш му е конкурент на Гугл, дури и надвор од границите на Русија – во Турција, на пример. ABBYY прерасна во меѓународна софтверска компанија специјализирана за OCR (оптичко препознавање знаци) и за јазичен софтвер, додека компанијата Parallels се занимава со автоматизација на Hosting и Cloud платформи и има речиси илјада вработени ширум светот.
„Најголемиот инженерски центар на 'Боинг' се наоѓа токму тука, во Москва, и во него се вработени 1.200 луѓе“, рече Комисаров. „Американскиот Сента расправаше за тоа колку оваа компанија станала зависна од руските стручњаци“.
Александар Грачев, генерален директор на компанијата за софтверски услуги SPT Group, истакна: „83% од нашиот извоз отпаѓаат на суровини или на производи со мала додадена вредност. Инаку, од советското време опстанаа мал број сектори кои сè уште функционираат, и тоа во земјоделството и неколкумина во областа на високите технологии“.
„
Иновацискиот град Сколково треба да помогне руската економија да ја напушти сегашната позиција на голем извозник на суровини и да стане светски технолошки лидер.
На крајот публиката застана на страната на песимистите. Резултатите од СМС-гласањето покажаа дека од неколку стотини учесници во анкетата 74% сметаат дека се мали шансите за тоа Русија во иднина да стане лидер во извозот на производи од високата технологија. „Добро е што Русија има вакви песимисти“, се пошегува модераторот на дискусијата Алексеј Иванов, директор на Одделот за правна политика и за општествен развој на фондот „Сколково“. Иновацискиот град Сколково треба да помогне руската економија да ја напушти сегашната позиција на голем извозник на суровини и да стане светски технолошки лидер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче