Белгија деблокираше дел од руските сметки

Властите на Белгија деблокираа некои сметки на дипломатската мисија на Русија, соопшти во саботата, 20 јуни, министерот за надворешни работи на Белгија Дидие Рејндерс.

Властите на Белгија деблокираа некои сметки на дипломатската мисија на Русија, соопшти во саботата, 20 јуни, министерот за надворешни работи на Белгија Дидие Рејндерс.

Претставникот на белгиското МНР Хендрик ван де Велде соопшти дека најпрвин ќе бидат деблокирани сметките во банката ИНГ, кои ги користеа амбасадата на Русија во Белгија, како и постојаните претставништва при НАТО во Европската унија, пренесува РИА „Новости”, повикувајќи се на агенцијата „Франс Прес“.

„Најдовме можност да ги деблокираме најпрвин сметките за работа на дипломатските претставништва, останатото ќе следува“ изјави портпаролот на МНР Белгија.

Белгискиот шеф на дипломатијата изјави и дека останатите сметки ќе бидат деблокирани во понеделник. Тој исто така позитивно ја оцени соработката со амбасадата на Русија, адвокатите на ЈУКОС и банките.

Рејндерс исто така соопшти дека во врска со ситуацијата е постигната согласност во законот да се внесат измени во смисла сметките на дипломатските мисии  да не подлежат на заплена, за да може Белгија да ги исполнува своите меѓународни обврски.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња