Кадар од филмот „Битката за Севастопол“
Сергей Мокрицкий/КиноДело, 2015Заработка: 2,3 милијарди рубли (25 милиони долари)
Германија, 1944. година. Германската команда одлучува да ги обучува своите тенкисти користејќи заробена советска воена техника. Заробените советски тенкисти добиваат тенк Т-34-85 и го носат на полигон, каде што ќе служи како мета. Само што војниците не сакаат да се помират со таква судбина и решаваат да избегаат...
Актерот Александар Петров се присетува на својата подготовка за главната улога на поручникот Николај Ивушкин: „Пред почетокот на снимањето на „Т-34“, изнајмив соба на неколку недели и целосно ја излепив со фотографии од воената доба, од оние луѓе кои се бореле, кои биле заробени и оние кои живееле во окупација. И секој ден кога доаѓав таму, го исклучував телефонот и поминував неколку часа таму, читајќи, размислувајќи, гледајќи во лицата и очите на тие луѓе. На тој начин се подготвував“.
Ефектниот и впечатлив воен блокбастер „Т-34“ е полн со компјутерска графика и на некои места потсетува на добро познатата видео-игра „World of Tanks“. Токму тоа не им се допадна на многумина. На пример, критичарот на порталот „Афиша“ Максим Сухагузов истакнува дека филмот ја прикажува војната „како возбудливи „Пеколни улици“ со тенкови за гледачи на училишна возраст“.
Заработка: 1,7 милијарди рубли (18 милиони долари)
1942 година. Група од пет советски војници се крие во куќа во разурнатиот Сталинград. Таму се крие и малото девојче Катја кое останало сирак. Војниците се грижат за неа, постепено станувајќи сé повеќе и повеќе врзани за неа.
„Сталинград“ е првиот руски филм снимен во IMAX 3D формат. Беше номиниран за Оскар во категоријата „Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“, но не влезе во потесниот избор.
Интересно е што дел од филмската екипа веќе имаше искуство да снима филмови за оваа позната битка. Во советскиот еп од 1989 година „Сталинград“ улогите ги толкуваа режисерот Фјодор Бондарчук и актерот Андреј Смољаков. Во истоимениот германски филм од 1993 година улогата на германскиот капетан Петер Кан ја играше актерот Томас Кречман.
Заработка: 642 милиони рубли (7 милиони долари)
Белорусија под окупација во 1942 година. 270 Евреи кои за чудо се спасиле од гетото доспеваат под заштита на партизански одред. Бидејќи партизаните немаат можност да ги задржат кај себе, политичкиот раководител Николај Киселев добива наредба да ги одведе зад линијата на фронтот.
Филмот е базиран на вистински настан. Киселев и седуммина партизани повеќе од еден месец ги воделе измачените луѓе низ шума, повремено наидувајќи на германски заседи. Од 278 луѓе, до заднината се пробиле 218.
Израелскиот Национален меморијален комплекс за жртвите и хероите на холокаустот „Јад Вашем“ му ја додели на Киселев титулата Праведник меѓу народите. Секоја година во Тел Авив се собираат потомците на луѓето кои тој ги спасил во знак на сеќавање на неговото херојско дело.
Заработка: 504 милиони рубли (5,5 милиони долари)
Ленинградска област, 1942 година. Во еден ловечки полк кој го брани опколениот Ленинград пристигнуваат нови пилоти. Станува збор за млади и неискусни девојки-пилоти. Пред нив е тешка борба со страшните германски асови.
За снимањето на филмот беа користени школски спортски авиони Јак-52, а потоа со компјутерска графика трансформирани во советски ловци. Како што истакна режисерот Алексеј Герман Помладиот, тие се обиделе да постигнат максимална реалистичност со реконструкција на патеката на летањето, физичките карактеристики, тресењето на крилата, движењето на трупот.
„Не ни беше важно само да направиме емотивен и интересен филм, туку и максимално реалистично да ги прикажеме настаните што се случуваат на екранот, да го пренесеме чувството на пилотот во кабината на авионот, секојдневието на аеродромот и чувствата на актерите на овие настани“, истакна режисерот.
Заработка: 436 милиони рубли (4,7 милиони долари)
Филмот е базиран на биографијата на најуспешната жена-снајперист во историјата Људмила Павличенко. За време на војната, таа ликвидираше 309 непријателски војници и офицери.
Јулија Пересиљд успешно го помина кастингот за главната улога, криејќи од режисерот дека е седми месец бремена. Притоа таа беше во подобра физичка кондиција од другите кандидатки. Снимањето започна веднаш по нејзиното породување.
„Битката за Севастопол“ е еден од последните заеднички руско-украински филмски проекти. Филмот, кој во Украина го доби насловот „Нескршлива“, беше прикажуван со успех во двете земји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче