Во 1942 година деветнаесетгодишниот Естонец Каљо Кијски бил мобилизиран во составот на 20 гренадирска дивизија на СС (1 естонска). По тримесечната обука на полигонот на СС „Хајделгер“ во Полска бил испратен на одбранбената линија Тененберг во источна Естонија, каде летото истата година се воделе крвави битки против офанзивните единици на Црвената армија.
Положбите на германската војска биле изложени на масовно бомбардирање од воздухот и непрекинат оган на советската артилерија. Кијск, кој бил припадник на одредот на противвоздушната одбрана, се сеќавал дека од страв дека ќе му пукнат ушните тапанчиња од неподносливата бука не смеел да ја затвора устата која постојано му била полна со песок.
Во септември 1944 година линијата Таненберг била пробиена и германската војска се повлекла од своите положби. Каљо Кијск, сметајќи дека доволно војувал, не заминал заедно со нив, ами се вратил дома во округот Вирума.
Откако Црвената армија ја ослободила Естонија, локалната служба за безбедност почнала да му поставува на Кијск прашања: со што се занимавал за време на војната и зошто него, бидејќи бил во соодветна возрасна група, не го мобилизирале во германската војска? Каљо го спасил неговиот татко: рекол дека заедно работеле во индустријата на јаглен шкрилец во градот Силамае и затоа не биле опфатени со мобилизација.
Целиот понатамошен живот Кијск го има посветено на кинематогафијата. Притоа се пробал и како актер и како режисер. Има снимено 17 филмови што е голем успех не само во малата Естонија, ами и во целата земја. Во 1980 година го доби звањето Народен уметник на Естонската ССР, од кое позначајно било само звањето Народен уметник на СССР.
Каљо Кијск грижливо jа чуваше тајната на своето воено минато. За неговата припадност кон СС-единиците знаеја само неговите најблиски пријатели. Дури по распадот на СССР, откако Естонија ја стекна независноста, пошироката јавност ја дозна неговата тајна.
Во текот на својата 50-годишна кариера еден од најпознатите латвиски актери Хариј Лиепињш има одиграно над 250 улоги во театар и на филм. Меѓутоа пред да се стекне со слава, Лиепињш морал да мине низ војна и низ ГУЛАГ.
Во 1944 година, кога идниот актер имал 17 години, бил мобилизиран како „хиви“ (доброволен помошник) во германската војска. Овие луѓе собрани (често не на доброволна база) меѓу советските жители работеле како товарачи, санитарни работници, механичари, носачи на муниција и извршуваа други помошни работи за Германците. Хариј бил помошник во составот на ПВО.
Наскоро Лиепињш заедно со остатоците од групата армии „Север“ останал блокиран во западна Латвија, во таканаречениот Курландски џеб. Овие сили кои не биле евакуирани во Германија преку море, останале на ова место до капитулацијата на нацистите.
Хариј не планирал да бега во Германија. Кога завршила војната, се вратил во Рига каде наскоро бил уапсен како колаборационист и бил испратен на северот од СССР во рудниците за јаглен во Воркута.
На 13 април 1946 година Советот на министри на СССР донесе одлука „За враќање во татковината на репатријнтите: Латвици, Естонци и Литванци“, врз основа на која се амнестирани претставниците на балтичките народи кои на некаков начин соработувале со Германците за време на војната. Меѓу нив бил и Лиепињш. Набргу по враќањето во Рига сосема се посветил на театарот и на филмот. Во 1988 година го доби звањето Народен уметник на СССР.
Благодарение на својата несловенска надворешност балтичките актери во советските филмови често играле странци: Англичани, Американци и, секако, Германци во филмовите за Втората светска војна.
Хариј Лиепињш не беше исклучок. Меѓу другото, ја одигра улогата на фелдмаршелот Ерих фон Манштајн во филмот „Контранапад“, офицер на СС во култната советска серија „Долг пат во дините“ и улогата во филмот на споменатиот Каљо Кијск „Лудило“.
Во 1944 година седумнаесетгодишниот жител на Рига Виктор Лоренц бил мобилизиран во составот на Латвискиот доброволечки легион на СС. И покај називот, мобилизацијата се спроведувала и на принудна основа.
По војната Лоренц се нашол во еден од контролно-филатрицките логори на НКВД на Далечниот исток. Низ овој логор имаат минато некои граѓани на СССР кои служеле во германската војска, кои биле воени заробеници или живееле на територијата под германска окупација. Меѓутоа, по амнестијата на балтичките колаборационисти од 1946 година се вратил во Латвија.
Откако во 1961 година го завршил Сесојузниот државен институт на за кинематографија (денес Серуски), Виктор Лоренц стана вистински професионален латвиски филмски сценарист.
Уште во текот на школувањето Лоренц го има напишано своето прво сценарио засновано на неговото воено минато во СС. Насловот бил „Татковино, прости ми!“. Филмот зборува за тројца пријатели кои биле мобилизирано во Латвискиот регион во Втората светска војна.
Сценариото е објавено во московски алманах, но било премногу храбро за тогашната кинематографија. Така дури во 1964 година се стекнале услови да биде снимен.
Филмот „Се сеќавам на сè, Ричард“ премиерно прикажан три години подоцна, со Хариј Лиепињш во главната улога, мина низ ригорозна цензура, но сепак беше пуштен во кината ширум СССР. Само во Латвија беше прикажан во помал обем, само во неколку мали кина, без рецензија и без споменување во локалните медиуми. Во 1992 година беше емитувана комплетната верзија на филмот под назив „Камен и крш“.
Заслужениот уметник на Латвиската ССР, Лоренс не се задржа само на работата на сценарист, ами и има глумено во бројни филмови. По иронија на судбината во 1985 година повторно ја облече СС-униформата. Во еден од најстрашните филмови за Втората светска војна „Дојди и види“ ја одигра улогата на штурмбанфирерот кој на казнениот одред му издава наредба да ликвидира жители на едно белоруско село.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче