Филмот е животната приказна на советскиот генерал Александар Горбатов кој од затвореник стана истакнат војсководец на Црвената армија.
Горбатов беше ослободен од затвор непосредно пред нападот на Германија врз Советскиот Сојуз. За време на војната, врховниот командант Сталин 16 пати му изрази благодарност за постигнатите успеси. Стана херој на Советскиот Сојуз и беше одликуван со многу ордени и медали, а својата борбена кариера ја заврши како командант на Третата армија на подрачјето на Магдебург.
Младиот поручник Николај Плужников пристигнува во пограничниот град Брест на 21 јуни 1941 година. До почетокот на германската инвазија остануваат само неколку часа...
Филмот е направен според приказната на Борис Васиљев „Го немаше на списокот“ („В списках не значился”). Како прототип за главните ликови послужија вистинските учесници во одбраната на Брестската тврдина. Тие му даваа отпор на непријателот дури и кога линијата на фронтот се помести стотици километри на исток и немаше кој да им притекне на помош.
На територијата на ослободената Белорусија во заднината на советските трупи дејствуваат германски агенти. Нивните акции ја попречуваат подготовката на голема советска офанзива на Балтикот. Капетан на СМЕРШ и неговите контраразузнавачи добиваат задача да ги ликвидираат германските активисти.
Овој руско-белоруски филм снимен според романот на Владимир Богомолов „Момент на вистина“ доби одлични оцени и од филмската критика и од обичните гледачи. Највредна беше пофалбата на ФСБ, која призна дека тоа е најверодостојната екранизација на активностите на руските (советски) контраразузнавачи.
Есен, 1944 година, Лапонија, на границата на Финска, Русија и Норвешка. Финскиот снајперист Вејко и советскиот капетан Картузов по битката случајно се среќаваат во куќата на Лапонката Ана.
Овде непријателските војници ќе треба некое време да заборават на своето војување и да научат да комуницираат и да се разбираат еден со друг, бидејќи сите тројца зборуваат различен јазик.
Насловот на филмот се однесува на видот птица, а не на кукавичлук. Имено, советските војници ги нарекуваа финските снајперисти „кукавици“ бидејќи беа убедени дека тие пукаат од дрвјата, а името на главниот лик преведено од лапонски исто така значи „кукавица“ (птица).
Во пресрет на големата советска офанзива, извидувачката група на поручникот Травкин оди во заднината на непријателот. Младиот командант не ни помислува дека покрај командата, неговото враќање со нетрпение го чека и неговата девојка Катја, радист, со која едвај разменил неколку зборови.
Филмот освои награди на филмски фестивали во САД, Франција и Северна Кореја. „Мислам дека ова е вистинско филмско достигнување“, изјави министерот за култура на РФ Михаил Швидкој во 2002 година. „Ова е неверојатно хуман филм за војната.
Германските трупи ја нападнаа територијата на Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година. Прва на удар на непријателот се најде пограничната Брестска тврдина, која многу брзо беше отсечена од главните сили. Меѓутоа, иако беа опколени, распрснатите групи советски војници и граничари не ни помислуваа да се предадат...
Заедничкиот руско-белоруски филм е снимен на територијата на самата Брестска тврдина. За време на снимањето беа пронајдени гранати од војната кои не експлодирале, а според некои извори, дури и останки на советските војници кои потоа беа повторно закопани на локалните меморијални гробишта.
Ноември 1941 година. Германците се пробиваат кон Москва, која по поразот на Црвената армија кај Вјазма практично остана без заштита. 316-та механизирана пешадиска дивизија на генерал-мајорот Иван Панфилов му застанува на патот на непријателот.
Снимањето на филмот за подвигот на бранителите на главниот град започна благодарение на донациите на илјадници обични луѓе, како и на помошта на музејот, кој бесплатно ги изнајми своите костими и опремата. Подоцна, во финансирањето се приклучија и програмерите на играта War Thunder и Министерствата за култура на Русија и Казахстан. Во дивизијата на Иван Панфилов имаше многу Казахстанци.
Шестгодишното еврејско девојче Ана останува сирак. Целото нејзино семејство е стрелано од нацистите, само таа за чудо останува жива. Девојчето се крие во каминот во просторијата на поранешната германска команда и оттаму излегува само ноќе.
Филмот е заснован на вистинска приказна за дванаесетгодишната Ада од мало гратче во Полтавската област, која навистина две години се криела од Германците во камин. Излегла дури во 1943 година, кога во германската команда слушнала разговор на руски.
На почетокот на 1943 година, советската армија ја пробива германската блокада на Ленинград. Во тесниот коридор кој повторно го поврзува градот со „копното“ започнува забрзана изградба на железничка пруга. Таа ќе служи за доставување храна на исцрпените жители на Ленинград.
Пругата за Ленинград беше изградена за само 17 дена и го доби името „Патот на Победата“. Меѓутоа, поради фактот дека оваа важна логистичка рута беше на видикот на непријателот и изложена на постојани напади на германската артилерија и авијација, многумина го користеа другото, злокобно име - „Коридор на смртта“.
Во октомври 1941 година Вермахтот незапирливо се пробива кон Москва. Три и пол илјади питомци на двете Подолски воени академии - пешадиската и артилериската - се обидуваат да го задржат непријателот додека резервните трупи не пристигнат во главниот град. По завршувањето на своето образование овие скапоцени кадри требаше да станат офицери, но во тие критични околности, тие мораа да се борат како обични војници.
Филмот е снимен на местото на борбените дејствија во Калушката област. Со посебно внимание овде врз основа на зачувани документи се реконструирани реката, мостот, куќите, утврдувањата, воените униформи и оружјето.
Воените историчари генерално му дадоа висока оценка на „Подолските кадети“. Тоа што е прикажано, прикажано е на високо ниво“, истакна Алексеј Исаев. „Филмот во целина излезе добро... Без сомнение, современата руска кинематографија направи голем чекор напред“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче