Ако сè уште не сте имале можност да го погледнете овој фил, задолжително побарајте го (проверете на руската филмска платформа RUSSIAN FILM HUB). Без разлика дали сте го гледале или не, овие девет податоци ќе направат уште повеќе да го цените. Само внимавајте, последната информација открива дел од содржината на филмот!
Во текот на снимањето на филмот „Дојди и види“ користени се вистински куршуми. Понекогаш тие им летале над главите на глумците, што нивните изрази на лицата ги прави уште пореалистични. А, сцената во која митралез убива крава навистина се има случено.
Актерите Ољга Миронова и Алексеј Кравченко
Л. Лупов/SputnikПо кошмарните сцени од бомбардирањето, главниот јунак Фљора делумно го губи слухот. Додека го гледате филмот, забележувате дека звуците стануваат придушени и сега се слуша слабо ѕвонење. Освен тоа, во остатокот од филмот квалитетот на звукот е уште послаб што ни овозможува подлабоко да влеземе во застрашувачкиот свет на екранот.
Алексеј Кравченко, четиринаесетгодишниот актер кој го глуми Фљора, во текот на снимањето навистина минал низ пекол. Режисерот Елем Климов го снимал филмот според хронолошки редослед во текот на девет месеци. Физичкиот изглед на момчето на почетокот и на крајот од филмот ја покажуваат длабочината на неговите доживувања.
Кравченко на почетокот од филмот се појавува како младо и здраво момче, додека на крајот станува исцрпено, изнемоштено сениште со седа коса, со испакнати очи и набрчкано лице.
Оваа трансформација и високиот квалитет на шминката биле толку реалистични што кружеле гласови дека косата на момчето навистина му поседела. Всушност, за боење била користена специјална сребрена маслена боја заедно со тенок слој вистинско сребро. Потоа било тешко да се врати неговата коса во првобитната состојба, па Кравченко морал да живее со седа коса извесно време, дури и по снимањето на филмот.
Освен тоа, придржувајќи се на препишаната диета за подоцнежниот дел од филмот, Кравченко навистина ослабнал и се претворил во коски и кожа.
Режисерот Елем Климов се обидел да го примени следниот метод: наспроти снимањето на најсуровите сцени на филмот психотерапевт да го хипнотизира Кравченко. Се плашел дека стравотното искуство би можело да ѝ наштети на неговата млада душа. Како што изјави Климов во едно интервју (кое можете да го погледнете на Јутјуб), „глумата на Кравченко можела да има мошне тажен крај. Можело да се случи тој да заврши во лудница“.
Во текот на снимањето Кравченко користел неколку вида автоген тренинг, но одбил да го хипнотизираат. Сите шокантни сцени ги доживеал целосно свесен.
„Дојди и види“ е комплетно снимен со користење природна светлина. Поради тоа сцените на локациите со помалку светлина, како што се шумите на пример, се снимени со лента која се движи побргу одошто во нормални услови. Така е постигната мрачна и зрнеста структура на сликата. „Песокливиот“ квалитет на сликата е во согласност со темата на филмот.
Првобитно филмот требаше да го носи насловот „Убијте го Хитлер“. Меѓутоа, во тоа време се сметало дека тоа е непримерно. Наместо тоа, Климов името „Дојди и види“ го пронашол во шестото поглавје на Откровението на Јован: „A зашто дојде великиот Ден на Неговиот гнев, и кој може да се одржи?“ (Откровение 6:17).
Елем Климов
Евгениj Коктиш/SputnikРоден и израснат во Сталинград, Елем Климов како момче бил евакуиран од градот додека беснееле страшните битки. Во интервјуата повеќе пати има зборувано за тоа дека неговото лично искуство влијаело на снимањето на филмот.
Освен тоа, неговиот косценарист Алес Адамович ја доживеал Втората светска војна мошне слично како и главниот јунак во филмот. Адамович за време на Втората светска војна бил тинејџер како Фљора во филмот. Тој и неговото семејство се бореле меѓу партизаните во Белорусија против Германците.
Поголемиот број луѓе знаат дека Советскиот Сојуз во Втората светска војна има претрпено најмногу загуби од сите земји. Меѓутоа, ретко кому му е познато дека Белорусија била најтешко погодена советска република. Според историчарот Вадим Ерликман и неговата книга „Загубите на население во 20 век“, Белорусија изгубила 25% од популацијата во војната, а најголем број биле цивилни жртви. Се смета дека во Белорусија вкупно настрадале над 2 милиони луѓе.
Кога го гледате филмот „Дојди и види“, размислете за оваа статистика. Заплетот не е направен врз основа на некаков изолиран инцидент. Тоа е нешто што во Белорусија се случувало илјадници пати во текот на годината. Во завршните сцени на филмот, кога група советски партизани заминува од селото, не постои возбуда поради победа или пораз. Наместо тоа, тие се тргнуваат од еден кон друг кошмар.
Од сите шокантни сцени во филмот „Дојди и види“ најтешко е да се поверува во страшната сцена на палењето на црквата. СС-бригадата со помош на локалните колаборационисти ги однеле сите жители на селото во црквата и ги запалиле живи.
Колку и да изгледа ужасно, оваа сцена не содржи никакво претерување. Ваквиот вид монструозни злосторства од страна на нацистите над Евреите и над Словените е добро документиран на Источниот фронт. Како што се наведува на крајот од филмот „628 белоруски села се запалени до темел со сите нивни жители“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче