- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
1. Не е пегаво
Еднаш родителите на Пушкин ги посетил писателот и државен функционер Иван Дмитриев. Тој обратил внимание на витканата коса на десетгодишниот Пушкин и се пошегувал: „Види какво Арапче!“
„Барем не е пегаво врапче“, исфрлил малиот Пушкин како од топ. Работата е во тоа што Иван Иванович имал многу пеги на лицето.
2. Дељвиг на оној свет
Антон Дељвиг одел на училиште со Пушкин, а пред неговата смрт почнал да живее распуштен живот (заболел од тифус, од кој починал во 1831 година на 33-годишна возраст). Еднаш дошол пијан кај Пушкин и поетот долго се обидувал да го убеди својот другар да престане со пијанките, но Дељвиг на сите аргументи во очајно одговарал дека земниот живот не е за него, „а на оној свет ќе се поправиме“.
„Не треси глупости“, одговорил Пушкин. „Погледни се во огледало, со таква муцка нема ни да те пуштат на другиот свет!
3. Поетот и сонцето
Некој сакал да го збуни Пушкин, па во друштво го прашал: „Која е сличноста меѓу мене и сонцето?“ Пушкин за миг одговорил: „Човек не може да погледне ни во вас ни во сонцето, а да не се намурти“.
4. Болјарот Бајрон
На 19 април 1825 година се навршила една година од смртта на Џорџ Бајрон. Тој ден Пушкин му напишал на својот пријател Петар Вјаземски: „Синоќа нарачав литургија за упокојување на неговата душа. Мојот поп се зачуди што бев толку побожен и ми даде просфора извадена за упокојување на душата на слугата Божји болјарот Георгиј“. Селскиот свештеник не знаел дека „Бајрон“ е име, но мислел дека е „болјар“ (руски: „боярин“).
Како што наведува филологот Алина Бодрова, навистина биле отслужени литургии за упокојување на душата на „болјарот Георгиј“, и тоа дури две: „Во палавштините на Пушкин зеде учество и Ана Вулф, тригорската сосетка на семејството Пушкини, така што службата била изведена во храмовите на Триг<орски> и Вор<онич>“.
5. Приход од триесет и шест букви
Пушкин се познавал со младите припадници на императорската гарда. Тоа биле млади луѓе од најбогатите семејства кои сакале да се пијанчат и да се забавуваат. Еднаш поетот поканил неколку гардисти во популарниот ресторан „Доминика“ и ги почестил. Додека се гоштевале, влегол грофот Завадовски и му рекол на Пушкин:
- О, Александар Сергеевич, се гледа дека сте полни со пари!
- Побогат сум од вас - рекол Пушкин. - Понекогаш мора да се стрпите и да чекате пари од своите имоти, а јас постојано имам приход од триесет и шесте букви на руската азбука (толку имало во руската азбука од царскиот период).
Познато е дека Пушкин можел брзо да го подмири својот долг кога ќе изгубел на карти. Во тие ситуации тој буквално преку ноќ ќе напишел извонредно книжевно дело и следното утро ќе го продадел на издавач. Речиси на ист начин (иако, не за една ноќ, туку за две утра) ја напишал поемата „Гроф Нулин“.