Како еден провинциски трговец го основал рускиот драмски театар

Russia Beyond (Photo: Anna_Pakutina/Getty Images; Tretyakov Gallery)
Фјодор Волков бил богат трговец и наследник на профитабилни претпријатија. Но, оставил сè и отишол да се занимава со театар, постигнувајќи голем успех.

Провинциски трговец еднаш во Петербург гледал претстава на дворскиот театар. Оваа уметност толку многу го воодушевила што ги оставил сите профитабилни работи и основал свој театар, каде што меѓу првите што ги поставил на сцена првите руски претстави што штотуку се појавиле.

Десет години подоцна, царицата Елизавета Петровна издала указ за основање на Рускиот театар на комедија и трагедија во Петербург. А поранешниот трговец бил „водечкиот руски актер“ во него, а потоа и директор на императорскиот театар.

Првите руски театри

Страста за глума, играње и пеење се појавила кај Словените уште во паганско време. Од XI век во Стара Русија постоеле патувачки уметници - скомрахи, кои настапувале во смешни костими, пееле, играле, свиреле на музички инструменти и изведувале кратки драмски сцени.

А. М. Васнецов „Скомрахи“ (1904)

На празнични денови, на градските плоштади се монтирале привремени сцени - „балагани“. Сите тие едноставни, па дури и груби забави биле наменети за обичниот народ.

Првиот царски театар се појавил за време на владеењето на Алексеј Михајлович Романов. Специјално за царот било поставено делото „Прикажувањето на Артаксеркс“ засновано на библиската приказна. Претставата траела десет часа. Но, оваа активност не заживеала.

Во XVII век се појавиле кметски театри, кои биле организирани од болјарите и благородништвото за забава во нивните дворци и на нивните имоти. Особено познат станал кметскиот театар на грофското семејство Шереметјеви и неговата ѕвезда - актерката од кметскиот сталеж Прасковија Жемчугова. Таа изведувала песни и оперски арии на разни јазици, свирела на неколку инструменти. (И била толку убава што грофот Шереметјев дури го замолил царот да му дозволи да се ожени со неа, а овој го благословил нееднаквиот брак).

Царицата Елизавета Петровна – покровителка на уметноста

За време на владеењето на Петар I, во Русија пристигнала и европската уметност. Царот бил првиот што отворил јавен театар. На Црвениот плоштад во Москва ја изградил „Театарската зграда“ (Комедијалнаја храмина), каде што гостувачки трупи изведувале претстави.

Но, Петар имал многу други грижи, додека неговата ќерка, царицата Елизавета Петровна, на уметноста ѝ посветила посебно внимание. Токму за време на нејзиното владеење била основана Академијата за уметности каде што се школувале сликари, скулптори и архитекти. Во нејзиното време француските кореографи интензивно го развивале балетот, кој набрзо станал најдобар на светот.

Елизавета Петровна

Елизавета го иницирала и основањето на првиот руски драмски театар. За прв пат во него се појавуваат професионални актери кои поминале специјална обука и кои добивале хонорари за претставите. И за прв пат на сцената на овој театар биле изведувани руски претстави. Во тоа време руската драматургија била во зародиш благодарение на имињата како што се Александар Сумароков, Василиј Тредијаковски, Денис Фонвизин.

Александар Сумароков

Но, случајно дошло еден обичен трговец од провинцискиот град Јарослављ да даде импулс на развојот на драмскиот театар во Русија.

Фјодор Волков – љубител на театарот од Јарослављ

Во 1746 година, младиот трговец Фјодор Волков од Јарослављ отпатувал во престолнината Петербург по работа и се нашол на претстава на дворскиот театар. Овој настан му оставил силен впечаток.

Фјодор Волков

Иако претходно наследил огромен имот и фабрики, Волков му го доверил управувањето со работите на својот брат и се посветил на изучувањето на театарската уметност и сценската изведба.

Во Јарослављ Волков собрал трупа патувачки уметници. Давале претстави во камени амбар и постигнале голем успех кај локалната публика. Наскоро Волков изградил театар од дрво на бреговите на Волга. Тоа во суштина бил првиот репертоарски театар во Русија достапен за секого.

Особено популарни биле комедиите, но и трагедиите имале своја публика. На сцената на неговиот театар Волков ја поставил првата руска трагедија „Хорев“ од Александар Сумароков.

Трговецот станува татко на рускиот театар

Гласините за овие претстави стигнале до самата царица и во 1752 година, на нејзина покана, трупата на Волков настапува во Царско село. На Елизавета Петровна ѝ се допаднале претставите и таа наредува актерите да бидат испратени на стручно усовршување за танц, музика, јазици и другите потребни вештини.

И веќе на 30 август 1756 година царицата го потпишува указот за основање на „Рускиот театар за претстави на трагедија и комедија“. Овој датум се смета за роденден на рускиот театар.

Рускиот драмски театар „Волков“

Волков се нашол на чело на трупата, а бил и главниот актер во неа. Директорската позиција најпрво му била доверена на драматургот Сумароков, кој набрзо се повлекол, така што во 1761 година Волков станува и директор на театарот. Царицата го дарува со благородничка титула и редовна плата.

И Фјодор Волков сам ги пишувал драмите и се занимавал со сценографија. А врв во неговата кариера била тридневната маскарада  „Победничката Минерва“, која ја режирал по повод крунисувањето на Екатерина II. Според легендата, Волков за време на маскарадата настинал и бил на работ на смртта, а кога заздравел, починал од воспаление на слепото црево.

Првиот руски јавен театар и денес постои во Санкт Петербург и се вика Александрински театар.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња