5 причини да ја гледате новата руска драма „Воздух“

Алексей Герман (младший)/Metrafilms; Амедиа Продакшн, 2023
Овој филм е сличен на хитот на Кристофер Нолан „Денкерк“ и по својата автентичност - со минимална употреба на графика и со вистински авиони - и по неговиот креативен бескомпромисен став. И покрај големиот (по руски стандарди) буџет, ова е несомнено оригинален уметнички филм.

1. Тоа е редок пример на филм за жените на фронтот

Има многу руски филмови за Втората светска војна, меѓутоа, во нив ретко се работи за жени во униформа. Иако, само според официјалните податоци, тогаш, во текот на четирите години, во редовите на војската биле регрутирани околу половина милион жени, не сметајќи ги жените во партизанските одреди. Меѓу ретките исклучоци на женски воен филм се воената драма номинирана за „Оскар“ „А зорите овде се тивки“ (1972) и неодамнешниот биографски филм за снајперистката Људмила Павличенко „Битката за Севастопол“ (2015).

„Воздух“ го пополнува акумулираниот јаз со еден потег. Прво, ја следиме судбината на женската ескадрила која од воздух дејствува на познатиот „Пат на животот“ - единствениот транспортен правец до опколениот Ленинград. Меѓутоа, дејствието ги води ликовите низ неверојатно огромна воена географија - до Ленинград под опсада, до сталинградските ровови и до шумите каде што се борат партизаните. И насекаде гледаме жени - под еднакви услови со мажите.

2. Како што вели самиот режисер, снимил својаверзија на „Седумте самураи“, но за жени

Дејствието на филмот „Воздух“ следи многу млади пилоти, кои се фрлени во жарот на војната директно од обуката. На девојките инаку им е потешко, едноставно од физички причини, но и застарените модели на авиони го прават тоа уште полошо - нивните трупови се делумно направени од дрво, со минимален оклоп, а резервоарите за гориво постојано протекуваат. Непријателот, напротив, има повеќе искуство и подобри летала. Освен стресот и недостатокот на сон, на жените, на почетокот, им е морално тешко да бидат во машки колектив, кој со многу предрасуди го прима женското засилување.

Има многу женски главни ликови – на почетокот, повеќе од седум. А, покрај актерките познати во Русија - Анастасија Тализина и Аглаја Тарасова - во филмот се појавуваат и многу нови лица, вистински кадетки од академиите на МВР. Една од главните улоги ја игра актерката на Омскиот драмски театар Кристина Лапшина - ова е нејзиното филмско деби. Меѓутоа, со секоја борбена мисија, има сé помалку и помалку ликови - војната безмилосно ги зема дури и главните ликови, кои, според законите на жанрот, не би требало да умрат.

3. Минимална застапеност на графика и максимална употреба на вистински авиони

Филмот има шест големи епизоди на воздушни борби. На почетокот режисерот сакаше за потребите на снимањето да користи вистински модели на воени авиони - советски Јак-1 и германски „месершмитови“. Такви функционални модели можеа да се најдат во Чешка. Но, се случи пандемијата, а снимањето на филмот „Воздух“ беше одложено. Герман дури успеа да сними уште еден филм за време на КОВИД-от - неговиот филм „Куќен притвор“ беше прикажан во категоријата „Неизвесен поглед“ на Канскиот филмски фестивал во 2021 година.

Кога продолжи работата на „Воздух“, чешката опција повеќе не беше остварлива и мораа да снимаат модерни авиони со некоја компјутерска „шминка“ додавана подоцна за авионите да изгледаат како автентични модели. Крупните планови на актерките во пилотските кабини беа снимени со помош на таканаречените гимбали - специјални ротирачки машини кои имитираат скокови или свиоци - со позадина на ЛЕД екрани кои прикажуваат вистински снимки на небо.

4. Воздух“ ги продолжува најдобрите традиции на советскиот воен филм

Алексеј Герман Помладиот е син на Алексеј Герман, голем советски и руски режисер, водач на таканаречената „Ленинградска школа“. Оваа група режисери на студиото „Ленфилм“ ги собра во 1960-1980-тите заедничката естетска платформа: отфрлање на клишеата на социјалистичкиот реализам, кршење на ригидните жанровски заплети, стремеж кон максимална автентичност на опкружувањето што се прикажува и присуство на актерот на екранот.

Режисерите на „Ленинградската школа“ честопати посветуваа посебно внимание на темата на војната. Можеби се сеќавате на филмовите како „Контрола на патот“ и „Дваесет дена без војна“ на Герман, „Барут“ на Виктор Аристов, „Летен излет на море“ и „Торпедните бомбардери“ на Семјон Аранович и други. „Воздух“ во многу нешта ја наследува „Ленинградската школа“. Ова не е параден воен филм - демонстрира постојана промена на годишните времиња и речиси нема сонце, нема генерали и помпезни говори, сржта на воените години е прикажана со ретка педантност.

5. Ова е првиот високобуџетен на Алексеј Герман, едно од најсјајните имиња наруската уметничка кинематографија

Герман е еден од оние ретки режисери чии филмови во различни години биле избрани да се натпреваруваат на сите фестивали на „големата тројка“ - Кан, Венеција и Берлин. Многу од нив освоија награди - особено, во 2008 година на филмскиот фестивал во Венеција, Герман беше награден со Сребрен лав за најдобра режија за неговата драма „Војник од хартија“. Најголемиот успех од публиката во Русија му го донесе филмот „Довлатов“ (2018) – биографија на исклучително популарниот советски писател кој беше принуден да емигрира во САД. Овој филм до денес останува еден од најуспешните уметнички филмови во руската кинематографија, а главната улога во него ја толкува српскиот актер Милан Мариќ.  

„Воздух“ е најобемниот и најдолготрајниот Германов филм до сега. Неговиот буџет е речиси 800 милиони рубли (околу 9 милиони евра); работата на филмот траеше пет години. Она што е изненадувачки - дури и во толку голем филм, печатот на Герман е прилично препознатлив. Истите долги кадри и неверојатно убави сцени; реализмот на филмот истакнат до крајни граници органски се комбинира со атмосфера од соништата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња