Красный призрак -- - Андреј Богатирев/ АБС, 2019
Еден суров сериски убиец има убиено осум млади жени во темните улици на Санкт Петербург во 19 век. Поручникот Ростов со помош на англискиот медиум Оливија Рид се обидува да го запре овој руски „Џек Мевосек“. За Оливија ова е прашање на живот и смрт зашто претчувствува дека таа би можела да биде деветтата жртва.
„Санкт Петербург во втората половина на 19 век бил посебен универзум“, вели филмскиот режисер Николај Хомерика. „Главната задача во текот на снимањето беше да се покаже мистиката на овој град. Секој кадар требаше да има некој мистичен елемент и нашиот камерман тоа совршено го постигна“.
Филмот „Деветтата“ ви нуди извонредна можност да дознаете како изгледал најубавиот руски град пред еден век и главните јунаци да ги следите низ неговите чудесни, но и застрашувачки, места.
Во Русија не може да помине една година, а во кината да не се појави нов филм посветен на Големата татковинска војна против нацистичка Германија. 2019-та година тоа е филмот „Ржев“ кој нè води во тешка и исцрпувачка битка во 1942 година, која денес е позната како „ржевска кланица“.
Силите на Црвената армија имаат претрпено големи загуби, но и покрај тоа добиваат наредба по секоја цена да го одбранат селото Овсјаниково, додека не стаса зајакнување. Со оглед дека се многу побројни, на многу војници им се чини дека ова би можела да биде нивната последна битка...
„Ржев“ е опишан како „исклучително чесен и вистинит филм“. Авторите исто така не тргнале кон холивудскиот тренд главните улоги да им се доверуваат на жените кој е вообичаен денес. Во филмот нема ниту еден женски лик!
Со распадот на Советскиот Сојуз завршена е и епохата на грандиозни воени филмови со потресни борбени сцени. За жал, многу современи руски воени филмови во својата основа ја немаат трагичната драма како порано. Наместо тоа често станува збор за љубовни мелодрами како што е „Сталинград“ или бајките во стилот на World of Tanks, како што е „Т-34“. А, се чини дека авторите на „Црвениот призрак“ биле инспирирани од „Проклетници“ на Квентин Тарантино.
За време на Битката за Москва германските единици се претставени преку еден легендарен војник на Црвената армија, кој е познат како „црвен призрак“. Овој получовек-полудух се појавува од никаде, погубува цела непријателска единица и исчезнува без трага...
За разлика од Втората светска војна, Првата светка војна не е посебно популарна тема во руската кинематографија. Русите не сакаат да се сеќаваат на војната која за нив завршила толку неславно. Дебито на режисерот Александар Золотухин е исклучок од ова непишано правило.
„Руско момче“ е приказна за едно момче кое останува слепо по експлозија во својата прва битка. Меѓутоа, оваа трагедија довела до тоа да му се изострат другите сетила и тој добива задача да го „слуша“ небото за да ја предупреди навреме војската за воздушен напад.
„Не сакавме да реконструираме историски настани. Акцентот беше ставен на тоа да создадеме слика за Првата светска војна. Да ги покажеме луѓето: нивните мисли, чувствата, грижите. Овие луѓе кои во животот допрва ги чека револуција, војни и катастрофи на 20 век“, вели режисерот
Новиот руско-италијански филм на Андреј Кончаловски зборува за животот и за творештвото на Микеланџело Буонароти. Него во хаосот на интригите го вовлекуваат две моќни семејства, Медичи и Дела Ровере, кои се борат за преданост на познатиот скулптор и сликар. Освен тоа, Микеланџело страда од внатрешни конфликти и е принуден да се бори со сопствените демони.
Во јули 2019 година рускиот претседател Владимир Путин на папата Франциско му подари ДВД со овој филм, додавајќи дека Кончаловски е еден од најпознатите и најталентирани руски режисери.
Заснован на реални настани (како што тврдат авторите), филмот „Дива лига“ е приказна за раѓањето на фудбалот во Русија. Главниот продуцент Игор Добровољски истакна дека филмот е инспириран од Светското првенство во фудбал 2018 година, кога руските фудбалери „не само што покажаа одлична игра, ами и херојски го вратија фудбалот во Русија“.
Настаните во филмот се случуваат во Руската Империја на почетокот од 20 век. Селанецот Варлам го организира првиот народен фудбалски тим во земјата. Но, фудбалот се смета за аристократска и не е лесно да се стане дел од ова елита...
Освен омилениот актер во Русија Адријан Пол (познат по серијата „Горјанин“) во филмот играат и водечките играчи од рускиот национален тим Артјом Ѕјуба, Антон Миранчук и Роман Зобнин.
Минатата година се појави уште еден филм за фудбалот и е посветен на за многумина најголемиот голман во историјата Лев Јашин. Тој има одбрането 150 казнени удари и во кариерата имаше 270 натпревари без ниту еден примен гол. Тој е единствениот голман која ја има освоено престижната титула „Златна топка“.
Правењето на овој филм беше мошне турбулентен процес кој траеше речиси 10 години. Термините за снимање често се одложуваа, сценариото неколку пати беше преправано, а финансиите секогаш беа недоволни. Дури и претседателот Владимир Путин и руската влада се вклучуваа со надеж дека ќе го забрзаат неговото доаѓање во кината. Поради сето тоа премиерата не се поклопи ниту со Светското првенство 2018 година, ниту со одбележувањето на 90 години од раѓањето на познатиот голман на 22 октомври 2019 година. Кон крајот на ноември филмот се појави на големите екрани.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче