Кому во Русија му се обраќале со „Ваше благородство“ а кому со „Ваше превосходство“

Портрет на војникот на Дворската гренадирска чета М. Кулаков, 1915; Портрет на канцеларот А. М. Горчаков

Портрет на војникот на Дворската гренадирска чета М. Кулаков, 1915; Портрет на канцеларот А. М. Горчаков

Владимир Појарков/Музеј на гардата; Санкт Петербург; Георг Ботман/Public Domain
Во стихот „Ваше благородство, госпоѓо Среќо“ (рус. „Ваше благородие, госпожа Удача“), зборот „благородство“ претставува титула која произлегува од општествениот статус. Тоа значи дека „госпоѓата Среќа“ во најдобар случај имала чин на титуларен советник.

Во Русија пред Петар Велики титули имале само царот и кнезовите од династијата Рјурикович. Петар Велики ги вовел титулите гроф и барон и, што е најважно, ја вовел Табелата на рангови, со која е воспоставена јасна хиерархија на чиновите во државната и воената служба. Но, чин и титула не се синоними.

Аркадиј Александрович Суворов, 1805, Жан Лоран Моние.

Светлости и „сијателства“

Човек се здобивал со титулата барон, гроф или кнез по раѓање или ја добивал како награда од императорот. По венчавката, жената станувала припадничка на родот на нејзиниот сопруг и ја добивала титулата кнегиња, баронеса или грофица. А нивната ќерка по венчавката, пак, ја губела таа титула, бидејќи не можела да му ја пренесе на сопругот.

На кнезовите, бароните и грофовите луѓето им се обраќале со зборовите „ваше сијателство“, а оние со титулата најсветол кнез со „ваша светлост“. Овие правила биле обврзувачки за сите освен за царот. Кнезовите исто така биле обврзани во официјални ситуации да си се обраќаат меѓусебно со „ваша светлост“ и „ваше сијателство“. А секој човек кој бил понизок во хиерархијата кога му се обраќал на кнезот не смеел да каже погрешна титула или да ја заборави. Тоа било третирано како грубо непочитување. Во високото општество такво нешто било брука за која се зборувало насекаде и поради која дотичната личност била изопштувана исфрлен од тоа општество.

За членовите на царскиот дом биле воспоставени посебни титули. Единствените три личности на царскиот двор на кои сите им се обраќале со „ваше императорско величество“ биле царот, царицата и царицата-вдовица. На царските деца и внуци им се обраќале со „ваше императорско височество“, а на кнезовите и кнегињите со царска крв (во поширока смисла и на сите роднини на царевите) со „ваше височество“.

Благородства, екселенции, степенства

Гроф Павел Сергеевич Строганов

Покрај титулите, во Руското царство постоеле и чинови - цивилни и воени и сите биле пропишани во Табелата на рангови. Чиновите подразбирале и соодветни титули што секој Русин ги знаел напамет. Оној што погрешно би му се обратил на благородник бил во голема неволја, особено ако бил селанец. Таквата грешка можела да заврши со физичка пресметка или да носење во полиција.

На службениците и воените лица со чинови и звања од 14-та до 9-та класа им се обраќале со „ваше благородство“ (руски: „ваше благородие“). Четиринаесетта класа бил колешкиот регистратор, прв чин во цивилната служба што им се доделувал на началниците на поштенските станици и пониски функционери како што биле секретарите во различни државни установи. Деветта класа во државната служба бил титуларниот советник (и тој чин му давал право на својот носител да стане благородник). Во армијата тоа бил чинот поручник. Во тоа време немало наредници и водници, па затоа првото по ред „благородство“ во воената хиерархија им било доделувано на заставниците (12 класа).

„Ваше високоблагородство“ (рус. „ваше высокоблагородие“) била формула за обраќање на благородници од осма до шеста класа. Осма класа бил судски помошник („коллежский асессор“), а во војската мајор, додека шеста класа бил советник во министерство („коллежский советник“), во војската полковник.

Василиј Андреевич Петров, колешки регистратор на пограничното одделение на Министерството за државен имот, 1896, Хорошилова О. А. Костимот и модата на Руската империја: времето на Николај II.

Во петтата класа спаѓал чинот државен советник („статский советник“), односно бригадир, подоцна полковник. Ним при обраќање им се кажувало „ваше високородство“ (рус. „ваше высокородие“).

„Ваша превосходство“ („ваше превосходительство“) било обраќање до третата и четвртата класа, т.е. по чин тајни советници и генерали.

„Ваша високопревосходство“ („ваше высокопревосходительство“) било обраќање до највисоките великодостојници на империјата, т.е. чинови од прва и втора класа - активни тајни советници и канцелари, а во армијата највисоките генерали и фелдмаршали.

Алексеј Дмитриевич Старцев (1838-1900), трговец од прв цех (еснаф), индустријалец, трговски советник.

Обраќањето по титула било задолжително како за лицата од ист чин и звање, така и за пониските чинови и звања. Кнезовата титула ги „покривала“ сите други благороднички титули. Дури и ако кнезот или грофот бил чиновник од деветта класа, сите морале да му се обраќаат со „Ваше сијателство“ (ни случајно со „ваше благородство“). Кога за лицата со титула се зборувало во трето лице, морало да се користи множинската форма „тие“ и „нивните“ (сијателства, светлости, благородства итн.).

Постоела и титула „Ваше степенство“. Таа била неофицијална, се користела при обраќање до трговците, особено до оние кои припаѓале на официјалните трговски еснафи. Таа титула не била пропишана со закон, народот ја користел како своевидно „признание“ на влијателноста и важноста на рускиот трговски сталеж.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња