Една од најпопуларните песни во дискотеките во 2000-тите беше „Around The World“ од германската поп група ATC.
ATC 2001 година во Дортмунд.
Fryderyk Gabowicz/picture alliance via Getty ImagesЦели 6 недели беше на прво место на германската национална музичка листа, а беше и хит број еден и на други европски топ-листи.
Сергеј Жуков
Кирил Калиников/SputnikНејзини автори се музичарите од руската група „Руки Вверх“ („Рацете горе“) Сергеј Жуков и Алексеј Потехин. Во Русија е објавена во 1998 година, во изведба на Елисавета Родњанскаја, солистка на споменатата група. Кога германските продуценти ја слушнаа, направија од неа кавер верзија која стана вирален хит ширум светот.
„Руки Вверх“ – „Песенка“ („Песничка“, 1998)
Оваа песна подоцна имаше десетици обработки и речиси сите беа популарни. Меѓу нив се: The Disco Boys (2012), Carolina Marquez ft. Flo Rida & Dale Saunders (2013), Melanie C with the Berlin Orchestra (2018).
Верзијата на оваа песна под наслов „Пятница“ („Петок“) се појави неодамна и во Русија.
DJ SMASH & Клава Кока – „Пятница“ (2023)
Подетално за песната прочитајте овде.
The Cover Girls
Archive photoКон крајот на 1980-тите, во екот на перестројката, американските и советските уметници почнаа да комуницираат и да одржуваат креативни состаноци. Така американските продуценти се заинтересираа за песната „Домовой“ („Домовик“, куќен дух) на познатиот советски композитор Виктор Резников.
На неговата музика се напишани нови текстови, направен е аранжман за танцување, а песната „Don't Stop Now“ стана хит на американските топ листи. Беше изведена од тогаш популарната група The Cover Girls.
Виктор Резников – „Домовой“ (1989)
По успехот на оваа песна во странство, Виктор Резников и музичарот Ден Мерил во 1991 година ја основаа групата SUS (Soviet Union-United States). Резников направи неколку американски верзии на неговите руски песни, но само четири беа снимени. На почетокот на 1992 година, композиторот загина во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург.
Песната на групата SUS „These eyes“ е всушност неговата песна „Признание“ („Признание“)
Виктор Резников – „Признание“ (1988)
Американскиот инди-бенд Brazzaville повеќе пати правеше кавер верзии на руски и советски хитови, а најголема популарност стекна песната на групата Кино „Звезда по имени Солнце“ („Ѕвездата наречена Сонце“).
Brazzaville, Дејвид Браун
Сергеј Фадеичев/TASSТој наслов го носи и нивниот албум од 2006 година.
Виктор Цој, КИНО
Сергеј Борисов/МАММ / МДФ/Russia in photoГрупата настапуваше повеќе пати во Русија, па дури и сними синглови со руски музичари.
Кино – „Звезда по имени Солнце“ (1987)
Италијанската група Vanilla Sky реши не само да направи модерна верзија на советската песна, туку и да ја отпее на руски.
Песната „Звенит январская вьюга“ („Ѕвони јануарската виулица“) првпат се појави во филмот „Иван Васиљевич ја менува професијата“ во изведба на Нина Бродска.
Нина Бродска – „Звенит январская вьюга“ (1973)
Оваа песна на советскиот композитор Рејмонд Паулс и поетот Андреј Вознесенски е една од најпознатите од репертоарот на Ала Пугачева.
Ала Пугачова
Александар Макаров/SputnikНеочекувано стана неверојатно популарна и во азиските земји. На интернет има многу кавер верзии на јапонски, корејски, па дури и на персиски јазик. Се зборуваше дури и дека тоа е всушност јапонска народна песна! Сепак, песната му припаѓа на советски автор.
Ала Пугачова – „Милион алых роз“ (1983)
А австралиската група The Seekers, на пример, направи обработка на руска народна песна за Стенка Разин. Таа стана хит на австралиските и британските топ-листи во доцните 1960-ти!
The Seekers, 1965.
Daily Mirror/Mirrorpix/Mirrorpix via Getty ImagesВо Русија сè уште се изведува редовно, особено на концертите на народна музика.
Георг Отс – „Из-за острова на стрежень”
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче