Прва музичка комедија на СССР и триумф на советската филмска дива Љубов Орлова.
Филмот на Григориј Александров раскажува за доживувањата на овчарот Коста (Леонид Утјосов) кој станува диригент на џез-оркестар и слугинката Ана (Љубов Орлова) која станува пејачка.
Децата учат песни од овој филм на часови по музичка култура во училиштата.
Новата година во Русија е незамислива без мјузиклот на Ељдар Рјазанов со Људмила Гурченко во главната улога.
Вработените во Домот на културата подготвуваат разновидна програма за дочекот на Новата година. Има танци и песни, точки со магионичар и со комедија. Меѓутоа, режисерот сака таа ноќ да ја претвори во сериозен настан со предавања на научници. Додека младите имаат различни планови...
Музичката комедија на Леонид Кванихиѕе е снимена по мотивите на француската оперета од 1883 година „Госпоѓа Нитуш“.
Ученичките од пансионот „Небесни ластовици“ се обучуваат за добро однесување под надзор на калуѓерки. Главниот лик Дениза (Ија Ниниѕе) сонува да настапува на големата сцена. Таа дознава дека нивниот учител по пеење (Андреј Миронов) води двоен живот: во слободно време тој компонира музика за водвиљски претстави и неговата омилена актерка Корина (Људмила Гурченко).
Еден ден Дениза добива писмо од нејзините родители кои ја очекуваат во Париз и планираат да ја омажат. Наставникот добива задача да го однесе девојчето кај родителите со воз. А понатаму следат нивните авантури.
Се сеќавате ли на бајката за волкот и јарињата? Мајката коза ја напушта куќата, предупредувајќи ги јарињата да не му ја отвораат вратата на волкот. А овој го менува гласот, преправајќи се дека е коза.
Во советско-романско-француската копродукција е снимен филмот „Мама“ во кој оваа бајка е претворена во мјузикл со песна и танц. Људмила Гурченко брилијантно ја одигра улогата на мајката коза, додека Михаил Бојарски го играше волкот.
Песната за гатачката која секогаш ќе најде „макар еден клиент“ се стекна со популарност благодарение на мјузиклот во режија на Георги Јунгвалд-Хилкевич.
Филмот зборува за ќерката на театарскиот актер која тој планира да ја омажи против нејзината волја. А таа сака да игра во театар! И за да насамари потенцијалниот сопруг, таа цело време се маскира.
Нејзиниот сон се остварува и таа станува актерка. Многу години подоцна, нејзината ќерка сака да ги следи нејзините стапки, а таа ја убедува да избере некоја друга професија.
Музичка бајка за советски ученик кој пишува стихови и песни и сонува да ги надмине сите во скок во височина на физичко. Филмот е бајка, бидејќи во него се појавува волшебничката Сирена, која му ја исполнува желбата, но под услов да не смее да изневерува.
Песните од овој филм ги знаат дури и оние кои никогаш не го гледале. Во него пеат популарните изведувачи Владимир Пресњаков Помладиот, Владимир Бојарски и Ала Пугачова. Овие песни и ден-денес со задоволство ги слушаат!
Музички филм за девојка од провинција (ја одигра Ирина Муравјова), која сонува да се школува за уметница и заминува да ја освои Москва. Не успева да помине на испитот, но останува во градот за да се обиде да се запише наредната година.
Мора да помине цела година во потрага по заработка. Се приближува до својот сон кога ќе најде работа во вариете. Еден ден таа излегува на сцената да замени статист кој се разболел, но нејзиниот настап е вистинско фијаско.
Кадрите од тешкиот реален живот во филмот наизменично се менуваат со соништата за тоа како таа пее, а гледачите ентузијастички аплаудираат. На крајот веќе не е јасно дали таа станала уметник или сето тоа е само нејзин сон.
Музичкиот филм во жанрот фантастика е снимен по сценарио на браќата Стругацки. Дејствието започнува неколку дена пред Нова година во научен институт, каде што научниците се занимаваат со проучување на магијата. Тие измислиле волшебно стапче и ја очекуваат комисијата која треба да го одобри неговото производство за граѓаните.
За оваа комисија се подготвува новогодишен банкет со песна и танц, но тогаш во прв план избива „љубовната тема“. Една од вработените во напад на љубомора претвора друга во вештерка со „ледено срце“. Проклетството може да го тргне само бакнежот на вљубен човек. И секако, новогодишното чудо мора да се случи. И токму тогаш доаѓа комисијата...
Уште еден телевизиски филм на Леонид Квинихиѕе, кој стана вистински музички класик.
Снимен е по мотивите на книгата на Памела Тревис за дадилката на Мери Попинс (ја игра Наталија Андрејченко). Музиката ја напиша еден од најславнатите советски композитори Максим Дунаевски, а овие песни и ден-денес може да се слушнат на радиостаниците низ целата земја!
Дејството на филмот се одвива за време на раниот Советски Сојуз, во средината на дваесеттите години.
Тогаш целиот свет беше занесен со џезот, а младиот комсомолец Костја Иванов од Одеса исто така сонува да основа свој бенд. Заедно со други музичари оди во Москва. И токму кога почнуваат да се здобиваат со популарност, СССР ја прогласува џез музиката за „незаконска“. Филмот завршува со средба на пријателите неколку децении подоцна.
Филмот беше еден од најуспешните на своето време. За една година го гледаа над 17 милиони гледачи, а беше откупен за прикажување во 46 земји.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче