- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Во рускиот јазик постои впечатлив и многу популарен израз „у черта на куличках“. Така велат кога местото до кое треба да стигнете е многу далеку и сте лути поради долгото патување што ви претстои. Изразот на македонски може да се преведе како „на крајот на светот“. Тоа е приближен превод, а значењето на изразот „кулички“ денес не им е познато дури ни на Русите.
Што значи?
Изразот „кај ѓаволот на кулички“ значи дека не се знае каде е тоа, или тоа е некаде многу далеку. „Кулички“ е искривена форма на зборот „Кулижки“. Така се викале расчистено рамно место без шума, но и оддалечено мочурливо место. Според една верзија, фразеологизмот настанал поради суеверие поврзано со мочуриштата, бидејќи според народните верувања, таму живее нечиста сила. И затоа е „кај ѓаволот“.
Исто така, Кулишки (Кулижки) е името на историска област на Москва во близина на Китај-город, недалеку од Кремљ. Но, ова старо име сега речиси никогаш не се користи, а изразот „кај ѓаволот на кулички“ не се асоцира со него, иако најраспространетата верзија вели дека потеклото на фразеологизмот е токму поврзано со регионот Кулишки (Кулижки ).
Дом за сирачиња во Кулишки
Историчарот Иван Снегирјов во XIX век ја напишал книгата „Москва. Детален историски и археолошки опис на градот“. Во неа опишува инцидент што се случил за време на владеењето на царот Алексеј Михајлович. Имено, лошиот дух наводно се вселил во дом за сирачиња и напуштени деца во Кулишки, недалеку од Ивановскиот манастир. Не им давал мир на старите жени што работеле во прифатилиштето: ги туркал од кревет, тропал по ќошињата и околу печката, извикувал разни гадости и ги нишал во детските лулки. Приказната за неволјата стигнала до царот и тој им наредил на свештениците да го истераат демонот со молитви. Меѓутоа, ѓаволот за возврат почнал да ги обвинува самите свештеници за разни беззаконија и тие не можеле да се ослободат од него. Тогаш некој од царската свита му кажал на царот за монахот Иларион од манастирот во Флоришчева пустина, кој имал дарба да истерува демони.
Иларион пристигнал во Москва со двајца монаси и седум недели читал молитви во сиропиталиштето. И покрај сите ѓаволски лукавства, Иларион успеал да го избрка. Според Снегирјов, фразата „кај ѓаволот на кулички“ се однесува токму на оваа приказна.
И самиот Иларион подоцна станал митрополит Суздалски и Јурјевски, а на истото место стои неговиот Ивановски манастир, до кој бил домот за сирачиња. Обновен е во XIX век.