Руска народна мудрост: Побавно патувај, побрзо ќе стасаш

Кира Лисицка (Photo: Keystone Press Agency/Global Look Press, Pixabay)
Во рускиот јазик постои огромен број изреки во кои се одразуваат парадоксалните појави на руската култура. Ова е една од нив.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Како воопшто може да се замисли дека оној што побавно патува може побрзо да стаса до целта? Но, тоа е навистина така, и оваа руска народна мудрост секогаш се покажува како точна.

Судејќи според анкетата што ја спроведовме со нашите читатели, ова е една од најважните руски изреки и секако верно го одразува рускиот национален карактер!

Што значи тоа?

„Тише едешь – дальше будешь“ – вака гласи изреката на руски. Дословно може да се преведе како: „Ќе стасаш подалеку ако патуваш потивко“ или можеби „Потивко патувај и така далеку ќе дотуркаш“.

Во македонскиот јазик еквивалент би била изреката „Што е брзо, тоа е и кусо“ или изразот „полека, но сигурно“.

Тоа е она што Русите го слушаат од своите родители уште во најраното детство. Не брзај! Не биди брзоплет кога нешто е навистина важно. Оној што брза, често и греши, па мора да започнува од почеток или да ги исправа своите грешки, а со самото тоа губи време што можел да го заштеди доколку навреме се подготвел.

Што не е му е својствено на рускиот карактер?

Рускиот јазик има цела низa синонимични изреки. Сите тие советуваат ништо да не се прави набрзина. Еве неколку впечатливи примери:

  • „Поспешишь – людей насмешишь“ (Ако побрзаш ќе ги насмееш луѓето / ќе излезеш смешен)
  • „Семь раз отмерь, один раз отрежь“ (Седум пати мери, еднаш сечи)
  • „Слово не воробей, вылетит – не поймаешь“ (Зборот не е врабец, кога ќе излета не можеш да го фатиш)

Сиве овие изреки му советуваат на човека добро да се подготви пред да преземе нешто зашто му се дава само една шанса. Многумина Руси постојано ги слушаат овие изреки во детството и растат со сеќавањето дека е подобро нешто да НЕ се прави или да не се кажува. Многумина често се плашат од „бламирање“ во друштвото и така добиваат различни комплекси, а понекогаш и пропуштаат добри пригоди во животот.

Оваа појава е и голем парадокс на рускиот начин на живот. Од една страна, Русите се генерално мошне внимателни во носењето одлуки и во преземањето важни чекори кои можат да го сменат животот. Од друга страна, сакаат брзо возење и екстремни потфати кога станува збор за физичките активности (тоа не важи за сферата на емоциите и за егзистенцијалните прашања).

И на крајот, Русите не сакаат некој да им се потсмева, но многумина мошне лесно знаат да си се потсмеваат на своја сметка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња