- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Ермитаж стави на продажба фрески од XVI век од својата колекција. За 135 илјади рубли сега секој може да купи дело на учениците на Рафаел. Но, не физичка копија, туку дигитален токен NFT.
Музејот започна проект за дигитализирање на вечната класика, и денес во продажба се токени со три неодамна реставрирани фрески: „Венера и Купидон на делфини“, „Венера вади трн“ и „Венера и Адонис“. Последната е веќе продадена!
Ермитаж, 2023.
Стручњаците на Ермитаж пет години работеа на реставрација на фреските, откривајќи го оригиналниот слој на боја под бројните подоцнежни слоеви кои ја промениле и композицијата на делото, и самата смисла на дејството. Уникатноста на овие токени е што содржат слики од фреските пред и по реставрацијата - нешто што сега физички не може да се види.
Ермитаж, 2023.
„Ние во Ермитаж сме големи љубители на иновациите“, вели директорот на музејот Михаил Пиотровски. „Следниот проект е посветен на употребата на најновите технологии за развој на музејската дејност и креирање уникатни производи. Промените на фреските кои се бележат во фазите на реставрацијата, а потоа се губат, сами по себе претставуваат извонредна приказна. Тоа е и поентата на NFT, да направиме нешто уникатно, нешто што никогаш не било и што никогаш повеќе нема да го биде“.
Ермитаж, 2023.
Токените можат да ги купат ограничен број луѓе и тие се здобиваат со дигитални права на NFT уметничките дела. Се смета дека тоа е инвестициски инструмент бидејќи сопствениците на такви уникатни NFT може да се разменуваат со други сопственици и исто така можат да ги продаваат своите дигитални права на други.