- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
1. Пред сто години еден филм траеше 7 минути - и тоа беше доволно за сите
Првиот руски филм беше наречен „Стењка Разин“ (познат и како „Слободна зона во долниот тек на реката“), а го сними Владимир Ромашков во 1908 година. Дејствието во филмот е засновано на песна за Степан (Стењка) Разин, најголемиот бунтовник на Стара Русија во XVII век и водач на селското востание. Филмот траеше само 7 минути, но тоа беше доволно за новата уметност да ги воодушеви гледачите.
2. За најскапиот советски филм мораше да биде ангажирано Министерството за одбрана
Петнаесет илјади пешадинци, коњанички полк од 950 сабји, под оружје и во оригинална униформа. Сето ова беше неопходно за снимањето на филмот „Војна и мир“ (1965) на Сергеј Бондарчук, најскапиот филм во историјата на советската кинематографија. За сцените на борба да изгледаат реалистично, креаторите на филмот мораа да изградат 50 декорации, осум мостови (од кои три на реката Днепар), да употребат 23 тони експлозив, 40000 литри керозин (петролеј), 15000 рачни димни бомби и 1500 гранати. Буџетот на филмот изнесуваше астрономски 100 милиони долари според девизниот курс од 1967 година.
3. Првиот звучен филм беше забранет
„Патот за животот“ („Путевка в жизнь“, 1931) на Николај Ек, филм за младите деликвенти кои партијата ги „превоспитуваше“ со работа во посебна установа, доживеа голем успех во татковината. Филмот беше забранет затоа што беше премногу веродостоен (цензорите беа вчудовидени). Сепак, по наредба на Сталин, филмот сепак беше прикажан. После тоа, „Патот за животот“ освои награда на филмскиот фестивал во Венеција, а една кино-сала во Њујорк го држеше на својот репертоар цела година. Филмот е значаен по тоа што имаше иновација во вид на звук, но и сам по себе е многу добар.
4. Првиот звучен филм и првиот филм во боја се смислени и снимени од истиот човек
Николај Ек е човекот кој ќе остане запаметен како двоен иноватор во кинематографијата. Покрај првиот звучен филм, го сними и првиот филм во боја. Тоа беше во 1936 година и се работи за филмот „Груња Корнакова“. Станува збор за приказна за работнички од фабрика за порцелан кои се борат за своите права и организираат бунт во царска Русија.
Режимот, сепак, не го поштеди инвентивниот режисер. Неколку години по излегувањето на „Груња“ Ек падна во немилост. Имено, неговиот учител, театарскиот режисер Всеволод Мејерхолд, беше прогласен за „непријател на народот“, а Ек одби да сведочи против него. Поради ова (а официјално, под изговор дека непрофесионално си ја извршува работата), на Ек му беше забрането да режира, така што тој повеќе не снимаше ништо, освен дела за наставни цели.
5. Првиот анимиран филм е снимен уште во царска Русија
На првиот цртан филм воодушевената публика одеше неколку години по ред. „Убавата Луканида“ или „Војната на стрижибубите и еленчињата“ од Владислав Старевич е прикажан во 1912 година. Десетминутната љубовна приказна чии главни актери се бубачки, а во чии улогите се најдоа вистински инсекти, крена голема прашина. Луѓето сериозно веруваа дека Старевич ги дресирал инсектите и ги принудувал да се борат едни со други и да ја изјавуваат својата љубов. Всушност, бубачките, се разбира, беа мртви, а режисерот вешто им протнал тенка жица низ нозете и ја прицврстил на нивните тела со восок.
Болшевиците го осудија однесувањето на неверната кралица на бубачките Луканида, па по револуцијата овој анимиран филм беше прикажуван под наслов „Куртизанка на тронот“.
6. Првиот „Оскар“ е добиен за херојско снимање
Првото признание од своите колеги од целиот свет го добија советските документаристи. Во 1943 година „Оскарот“ му припадна на документарниот филм „Поразот на германската армија кај Москва“. Филмот се состои од хроника на битките за Москва. Создаден е по наредба на Сталин, благодарение на херојските напори на 15 сниматели на фронтот. Го снимаа на температури од минус 30 степени, го монтираа деноноќно во простории за монтажа кои немаа греење, а за време на воздушните напади не се ни спуштаа во засолништата.
7. Филм со најмногу одликувања, добитник на 10 награди со „Оскар“
Филмот на Сергеј Бондарчук „Војна и мир“ (1965) е екранизација на популарниот роман. Доби 10 награди на престижни меѓународни фестивали, вклучувајќи го и „Оскарот“ (тоа беше првиот советски „Оскар“ за игран филм). Меѓу другите филмови со голем број награди се „Жеравите летаат“ („Летят журавли“, 1957) на Михаил Калатозов, „Ивановото детство“ („Иваново детство“, 1962) и „Соларис“ (1973) на Андреј Тарковски, „Вознесенија“ („Восхождения“, 1976) на Лариса Шепитко, „Изгорени од сонцето“ („Утомленные солнцем“, 1994) на Никита Михалкова и „Враќање“ („Возвращение“, 2003) на Андреј Звјагинцев.
8. Најскапиот руски филм е снимен според најпознатиот хорор расказ
„Тајната на змејскиот печат“ („Вий: Тайна печати дракона“, 2019) е хорор-филм со елементи на фантазија базиран на расказот „Виј“ од Николај Гогољ. За неговото снимање беа потрошени 49 милиони долари, што е рекорд за руската филмска индустрија. Многу пари се потрошија за многу сложената графика, која ја работеше истата компанија како и за „Играта на тронови“, но и за хонорарите за странските актери. Во филмот играат Џејсон Флеминг, Џеки Чен и Рутгер Хауер. Меѓутоа, филмот доживеа фијаско во однос на заработката. На домашните каси заработи само 5 милиони долари, а на светските 14.
9. Филм со најголема заработка – за слатко суштество со големи уши
Неодамна во Русија стана хит филмот „Чебурашка“ (2023). Неговиот главен лик е мало суштество со големи уши и мил поглед од расказот на Едуард Успенски. По неговата премиера во Русија, филмот оствари приход од 94,5 милиони долари.
10. Првиот филм во вселената - членовите на филмската екипа живееја две недели на Меѓународната вселенска станица (МКС)
Првиот филм во светот за кој филмската екипа навистина беше испратена во вселената се појави во 2023 година. Тоа е филмот „Предизвик“ („Вызов“) на Клим Шипенко. За да ги сними клучните сцени, режисерот и актерката Јулија Пересиљд поминаа речиси две недели на Меѓународната вселенска станица. Во филмот е вклучено околу еден час реално снимање во бестежинска состојба. И повторно не може да се каже дека сето тоа чинеше многу повеќе од снимањето филмови за вселената во филмско студио. Декларираниот буџет на „Предизвик“ е помал од една милијарда рубли.