Оклопницата „Потемкин“ од 1925 година беше првиот филм во кој беше прикажано нешто што не беше во црно-бели нијанси. Тоа беше светло црвено знаме што режисерот Сергеј Ејзенштајн лично го обои со четкичка на филмската лента. А првиот долгометражен советски филм снимен целосно во боја беше прикажан во советските кина дури 11 години подоцна. Тоа беше филмот „Груња Корнакова“ на Николај Ек, филм за бунтот на работничките во Русија во времето пред револуцијата.
Плакат за филмот „Груња Корнакова“
Јавен доменНиколај Ек беше ученик на Всеволод Мејерхолд, советски иноватор на полето на драматургијата, но подоцна ја замени театарската сцена со филмски сет. По снимањето на „Патување кон животот“, првиот советски звучен филм во 1931 година, тој се здоби со углед и репутација на најголем експериментатор на филмот (тука прочитајте како овој филм му бил прикажан на Сталин ноќе за да се избегне цензурата). Пет години подоцна, Ек повторно отвори нови перспективи, снимајќи го првиот филм во боја. Премиерно беше прикажан на 11 јуни 1936 година во киното „Художествени“ во Москва.
Николај Ек во епизодна улога во филмот „Груња Корнакова“
Николай Экк/Межрабпомфильм, 1936Според заплетот на филмот, во подметнат пожар во еден од погоните на фабриката за порцелан загинува таткото на Груња Корнакова, една од работничките во фабриката. Груња дознава дека пожарот намерно го предизвикал сопственикот на фабриката кој сакал да ги обвини работниците за тоа и да им земе многу пари како отштета.
Кадар од филмот „Груња Корнакова“
Николай Экк/Межрабпомфильм, 1936Девојката ги поттикнува работничките на револуционерна борба... Во една сцена работничките буквално ги опсипуваат полицајците со порцелански чинии, не обрнувајќи внимание на пукањето (за време на снимањето на оваа сцена искршени се околу илјада и петстотини чинии!).
Кадар од филмот „Груња Корнакова“
Николай Экк/Межрабпомфильм, 1936Филмот е снимен во вистинска фабрика за порцелан во селото Кузнецово во Тверската област. Главната улога на фабричката работничка Груња ја толкуваше Валентина Ивашова, сопругата на режисерот, а работничките ги глумеа натуршчици, вистински работнички од фабриката.
Снимањето филм во боја во тие денови беше многу напорна работа. За да ја совлада технологијата, Николај Ек пред да го снима „Груња“, дури сними и краток едукативен филм „Карневал на боите“ во кој експериментира со боите на екранот.
Кадар од филмот „Карневал на боите“
Николай Экк/Межрабпомфильм, 1935Кадар од филмот „Карневал на боите“
Николай Экк/Межрабпомфильм, 1935Понатамошната судбина на режисерот беше мошне несреќна. По „Груња Корнакова“ тој успеа да сними уште еден филм во боја во 1939 година, по што падна во немилост. Имено, неговиот учител Всеволод Мејерхолд беше прогласен за „непријател на народот“, а Николај Ек одби да сведочи против него. Поради тоа тој повеќе не можеше да се занимава со филм. Вистина, официјално беше наведена друга причина: неуспехот на плановите за снимање филм за чехословачкиот отпор, „неодреденоста“ и „ниското идејно ниво на снимениот материјал“.
Кадар од филмот „Груња Корнакова“
Николай Экк/Межрабпомфильм, 1936Неговото враќање на режисерската работа следеше дури во ерата на „одмрзнување“, по смртта на Сталин. Но, освен со наставни работи, Ек повеќе не се занимаваше со снимање филмови, туку режираше театарски претстави. Сепак, во историјата на советската кинематографија тој е запаметен како двоен иноватор: човекот кој ги сними првиот звучен филм и првиот филм во боја.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче