Балет на познатото сибирско езеро Бајкал? Неверојатно!

Егор Бельских
Мистичната убавина на огромното езеро привлекува милиони туристи. Но, за оние кои ќе успеат да ги видат танчарите како лебдат над водената површина тоа ќе биде еден од најсилните впечатоци во животот.

Недалеку од Иркутск на 12 август на публиката ѝ беше прикажана возбудлива претстава, балетски точки на сцената на разиграното Бајкалско Езеро. Спектаклот беше изведен во рамките на Бајкалскиот фестивал на танцот.

Балет на вода можеше да се види втор пат по ред, додека самата манифестација постои веќе шест години.

Манифестацијата беше иницирана од Бурјатскиот театар на опера и балет. На овој начин иницијаторите на фестивалот сакаа да го привлечат вниманието на пошироката јавност врз зачувување на животната средина со акцент на опасноста од загадување на езерото со микропластика.

Сцената беше поставена директно на брегот на езерото, а во улогата на сценографија се најде самиот Бајкал. Во исклучително интересната програма, меѓу другото, беа вклучени и извадоци од балетите „Пиратот“ и „Убавицата Ангара“, како и современа кореографија.

На зајдисонце публиката ја чекаше феноменална глетка, 14 балерини одиграа извадок од балетот „Лебедово езеро“.

Во рамките на фестивалот беа одржани и изложби на фотографии посветени на еколошките проблеми, работилници и еко потраги.

Директорот на Бурјатскиот театар на опера и балет Дмитриј Даликов изјави дека организаторите планираат манифестацијата да прерасне во меѓународна. Со поволен сплет на околностите странски изведувачи се очекуваат веќе следната година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња