- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Првата сцена со голотија во советската кинематографија се појави дури во 1972 година. Епизодата со капењето на девојките-припаднички на артилеријата во руска бања од познатата воена драма на Станислав Ростоцки „...А зорите овде се тивки“ претставуваше прекршување на сите табуа и буквално само за чудо преживеа во финалната верзија на филмот.
Stanislav Rostotsky/Киностудия имени М. Горького, 1972
За актерките веста за снимањето гола сцена претставуваше шок. „Во ред, ако нè види режисерот кој тогаш ни изгледаше како стар чичко или снимателот на иста возраст. Но, имаше толку многу младичи на сетот! Соблекувањето пред нив ги надминуваше нашите сили“, се сеќаваат актерките.
За да ги убеди младите актерки да се соблечат, режисерот употребил лукавство. Ростоцки се заколнал дека на снимањето ќе бидат присутни само тој и снимателот. Но, штом 25-годишната актерка Олга Остроумова се соблекла и потрчала во сауната, здогледала еден младич од екипата.
Global Look Press
Подоцна со оваа „гола“ епизода во сауната имаше многу проблеми. По првата проекција на филмот раководството барало сцената целосно да се отстрани. Но, режисерот успеал да го одбрани нејзиното присуство во филмот. Затоа што „сите се голи во сауна“ и не може поинаку.
Вистина, сè уште „неискусната“ советска публика таквата сцена ја доживеа како претерано провокативна. Студиото добиваше писма со следнава содржина: „Се разбира, филмот е прекрасен, но како да седам до мојот сопруг додека на екранот се појавуваат голи жени!“
Патем, филмот првично содржеше уште една гола сцена со хероините кои се сончаат голи. Сепак, беше отстранета од финалната верзија.