Најдобрите руски еротски филмови од крајот на минатиот век до денешен ден

Константин Богомолов/START, 2019
Секоја можност рускиот филм да покаже дека сѐ уште учи да зборува за сексуалност и за експлицитните сцени ги прикажува на тој начин што може да им се поверува. Еве неколку примери како рускиот филм има еволуирано од деведесеттите години на минатиот век до денешен ден.

„Страсти по Анжелика“, 1993

Анжелика страда од чуден и редок синдром, грмењето кај неа предизвикува претерана сексуална желба. Во тие моменти на невреме кога мозочните центри на контрола ќе откажат, таа има секс со маж на кој ќе налета прво, а потоа настапува амнезија.

Ваков комично-еротски лош филм со елементи на мистика и детективски жанр на Александар Полиников можеше, се чини, да биде создаден во раната постсоветска Русија. Апсолутно сѐ стана можно, во определени моменти „Страсти по Анжелика“ балансира на работ на порнографија. А, одговорот на прашањето „зошто“, го дава репликата на еден од јунаците кој вели: на некое друго место можеби тоа е порнофилм, а тука е очигледно средство.

Овој откачен филм во ист замав е и неверојатно точна слика на времето во кое има настанато, рефлектирајќи го отсуството на најмалото сексуално образование, културата и степенот на тоа лудило. Колку само вреди претставата на творецот на филмот, а и на народните маси, за тоа со што се занимава сексопатолог (спојлер: лекар кај кого доаѓаат поради сексуални односи...)

„Портрет во самракот“, 2011

Социјалната работничка Марина редовно заминува на периферијата на еден провинциски град за да се гледа со љубовникот, семеен пријател, во неговиот изнајмен стан. По еден таков ноќен излет ја силува локалниот милиционер, по што таа продолжува да оди кај него на веќе споменатата дестинација.

Во филмот на Ангелина Никонова успешно е изградена сексуално-патолошка мрежа испреплетена околу стокхолмскиот синдром и зближувањето на жртвата со насилникот, па можат да се повлечат и извесни паралели со „Последното танго во Париз“ (атмосферата во филмот, патем речено, е мачна). Сепак, станува збор за прилично добар социјален филм кој малку игра на теренот на „Елена“, канскиот миленик на Андреј Звјагинцев.

„Скакулец“, 2014

Девојка од едно имашно московско семејство стапува во тајна врска со градежник од провинција, што ќе се претвори во пет години неморал, деградација и неколку трупа.

Продуцентите го нарекоа филмот „Скакулец“ на Егор Баранов еротски трилер, само што од него не треба да се очекува затегнатост како во „Ниски страсти“. Сексот е поприсутен како метафора на искривувањето на душата и на карактерот во големите градови и не го има толку многу. Сепак, прикажан е многу поеротски и на повисоко уметничко ниво одошто е тоа карактеристично за руските филмови снимени во 2014 година. „Скакулец“ не е обид за втемелување на еротскиот трилер и драма како треш-филм за аматери, ами е во својство на сериозен жанр. Некои сметаат дека обидот е задоволителен.

„Љубовници“, 2019

Филмското деби на контроверзниот театарски режисер Константин Богомолов е доживеан како сензационален поради прикажувањето на „припадноста“ како вкоренет феномен на џет-сетот на Москва и на сексот на платно. Приказната за провинцијалката која го освојува големиот град беше сместена во две серии (две сезони). На крајот на втората епизода провинцијалката го одбива „местото под сонцето“. Ќе следуваат перипетии во секојдневниот живот испреплетени со криминална содржина.

Според количеството на ефектно снимената машка и женска голотија серијата на Богомолов може да се спореди само со убиствата во „Игра за престолите“. Во актерската екипа се наоѓаат најталентираните и најубавите ѕвезди на рускиот филм Александра Кузнецова, Даша Ернст, Александра Ребјонок. За љубителите на чудни и на храбри еротски сцени, серијата ќе биде вистинско откритие.

„Верност“, 2019

Најновиот, мошне сериозен и успешен обид на современиот руски филм во пронаоѓањето на сопствен пат во жанрот на еротска драма. Нигина Сајфулаева која со вој филм дебитираше на неодамна завршениот Кинотавр, најзначајниот независен филмски фестивал во Русија, собра голем број пофалби. Критичарот Алексеј Филипов забележа дека станува збор за уникатна ниша на рускиот филм, каде луѓето умеат да водат љубов, да зборуваат за животот и да егзистираат надвор од моралните оцени.

Во средиштето на приказната за една брачна двојка од Калининград, опкружен со Европа, не е сексуалната еманципација, ами отворениот и деликатен разговор во семејството кое се наоѓа во криза. Сексот е нераздвоен дел од духовниот, а не од телесниот живот, па тоа изгледа импресивно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња