Првата „руска“ Барби кукла се појави во 1989 година меѓу другите кукли од колекцијата „Куклите на светот“. Руската Барби е претставена како русокоса во долг розов капут со златен вез и голема крзнена шапка да ја заштити од студената руска зима.
Втората кукла се појави во 1997 година и исто така беше дел од колекција посветена на различни земји. Овој пат, потеклото на Барби многу појасно се манифестираше со кокошник на главата, извезена црвена туника и Московскиот Кремљ во позадина.
Слично на претходната, во 2004 година се појави царска Барбика. Таа ја претставуваше великата кнегиња – ќерката на царот и царицата. Со други зборови, ова е руска принцеза - место круна можете да забележите фенси-шменси кокошник.
Оваа кукла изгледа помалку традиционално и слична е на првата руска Барби - прилично неутрална, а сепак препознатлива како „Русинка“, повторно благодарени на големата крзнена шубара, муфот и златните прамени коса.
Дизајнерот Роберт Бест креираше цела колекција руски кукли, вклучувајќи и еден Кен по име Николај, облечен во војничка униформа од царско време.
Сите женски кукли се облечени во некоја од варијантите на руската традиционална облека. Куклата Мила носи шамија на главата и здолниште со извезени матрјошки.
Облеката на Екатерина е украсена со крзно.
Фустанот на Дарја е сличен на свечените дворски фустани.
Додека Верушка носи црна шапка-ушанка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче