Ана Пестова во своите кокошници.
Haneda AnkaАна Пестова работи како учителка во Уљановск на Волга, а во слободното време се занимава со своето омилено хоби. А нејзиното хоби е изработка на авторски кокошници.
Ана Пестова во своите кокошници.
Haneda AnkaНа нејзиниот репертоар се принцези и кнегињи во руски стил и нежни пролетни кокошници со цвеќе, но и светли и предизвикувачки ликови од бајките, како што е, на пример, оваа „Огнена Агафена“.
Кокошникот „Огнена Агафена“
Haneda AnkaПрвиот свој кокошник Ана го направи за универзитетскиот костим на Снегурочка. Тој светкал во светки, но на авторката ѝ се сторило дека таа работа не е ни блиску до оригиналот. Дури три години подоцна се фатила за своето ново хоби и работата ѝ тргнала!
Кокошник според мотивите на рускиот филм во жанрот на фантастиката „Тој е змеј“ („Он – дракон“).
Haneda AnkaДо пресвртница дошло во 2015 година. Голем поттик за понатамошната работа била одлуката на Ана да направи кокошник според сликата на Михаил Врубел „Принцезата Лебед“.
Лево: кокошникот „Принцезата Лебед“, десно: истоимената слика на Михаил Врубел.
Haneda AnkaАна работела на него, како и на речиси сите наредни, околу три месеци. Од 2015 година до сега таа има создадено околу дванаесет дела. Ана во се занимава со кокошници во слободното време, бидејќи е вработена. Оваа креативна работа ја доживува како одмор, а згора на сé наоѓа време и за семејството.
Ана во кокошникот „Јупитер“.
Haneda AnkaАна често е инспирирана од платната на старите и современите сликари. Од современите мора да бара дозвола за да ја користи нивната работа и да го протолкува насликаниот кокошник „во природна големина“. Понекогаш сликарите дури и ѝ испраќаат дополнителни скици за таа цел.
Кокошник, инспириран од делата на рускиот илустратор Евгениј Кузмич.
Haneda AnkaДелото што самата авторка особено го цени е кокошникот „Фрина“, инспириран од порцеланските кукли на Марина Бичкова. Трите лика на кокошникот ги направија пријателите на Ана на 3Д печатач.
Кокошникот „Фрина“, „миленикот“ на авторката.
Haneda AnkaАна вели дека најтешкиот и најдолгиот дел од работата е создавањето на конструкцијата за идниот кокошник. Треба да биде осмислен така што на него да се држат сите бројни и тешки украси. Кокошниците на Ана тежат и по 750 грама.
Цветен кокошник во боја на јоргован.
Haneda AnkaСекое дело на Ана е неповторливо. Таа вели дека ретко кој ги купува нејзините работи бидејќи се прилично скапи. Најмногу ги купуваат колекционери или љубители на уметноста. Од друга страна, нејзините кокошници често ги изнајмуваат за фотосесии во ефектен амбиент.
Кокошник инспириран од делата на мексиканската уметница Карла Родригез.
Haneda AnkaАна го правеше кокошникот на фотографијата подолу повеќе од шест месеци. Оваа работа особено ја засакаа нејзините следбеници и таа е апсолутен шампион по бројот на изнајмувања и фотосесии.
Со одделни кокошници Ана шие и специјален костим.
Haneda AnkaЗа нејзините дела таа користи ткаенина, пластика, имитација на скапоцени камења и мониста. Сето тоа го купува во родниот Уљановск или го нарачува од онлајн продавница.
Кокошник инспириран од портретот на кнегињата Александра Павловна Романова.
Haneda AnkaАна секогаш ги објавува новите работи на социјалните мрежи, а често заедно со нив објавува и визуелни ликови кои ја инспирирале. Таа прави и видеа во кои ги прикажува меѓуфазите на изработката на кокошник.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче