- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
На преминот од XIX во ХХ век најталентираните уметници на своето време, во потрага по нов уметнички јазик, повторно се свртеа кон антиката и ренесансата. Така се роди нов стил - рускиот неокласицизам, кој беше сосема спротивен на реализмот на „передвижниците“ и социјалните теми во уметноста.
Поддржувачите на новиот правец беа идеалисти и сонувачи со заедничка естетска визија, собрани околу списанието „Светот на уметноста“. Најпознати меѓу нив беа сликарите Леон Бакст, Зинаида Серебрјакова, Александар Самохвалов, Кузма Петров-Водкин, па дури и Казимир Малевич.
Тие го надминаа академското сликарство и зачекорија во книжевната графика, во дизајнот и архитектурата, па дури и сценографијата (колкава вредност само имаат костимите и декорациите за балетот на Дјагилев!)
1. Леон Бакст, „Древен ужас“, 1908.
Леон Бакст
2. Борис Кустодиев, „Портрет на Рена Ивановна Нотгафт“, 1909.
Борис Кустодиев
3. Валентин Серов, „Грабнувањето на Европа“, 1910.
Валентин Серов
4. Зинаида Серебрјакова, „Капачка“, 1911.
Зинаида Серебрјакова
5. Александар Јаковлев и Василиј Шухаев, „Автопортрети (Арлекин и Пјеро)“, 1914.
Александар Јаковлев и Василиј Шухаев
6. Кузма Петров-Водкин, „Мајка“, 1915.
Кузма Петров-Водкин
7. Константин Сомов, „Портрет на Методиј Лукјанов“, 1928.
Константин Сомов
8. Александар Самохвалов, „Девојка во маичка“, 1932.
Александар Самохвалов
9. Казимир Малевич, „Автопортрет (Сликар)“, 1933.
Казимир Малевич
10. Александар Дејнека, „Пространство“, 1944.
Александар Дејнека
Изложбата „Инспирирани од класиката“ се одржува во Корпусот Беноа на Рускиот музеј до 11 септември 2023 година.