Николај Фешин му бил ученик на Иљја Репин. Роден е во Казањ, а во 1923 година се преселил во САД, каде се третира како национален сликар. Неговите дела се високо ценети и во СССР и во Русија. Голема збирка на дела на Фешин се чуваат во Музејот на ликовни уметности во Татарстан. Сликарот почина во Калифорнија, но неговите посмртни останки, во согласност со неговото барање, се пренесени во 1975 година во Казањ. „Малиот каубој“ на Фешин беше најскапиот лот на руската уметност што беше продаден на аукцијата на Macdougall’s. Го купи анонимен руски колекционер за 10,8 милиони долари.
Една од најпознатите руски сликарки, „амазонка на авангардата“ се има пробано во многу стилови – во кубизмот, во рајонизмот и во примитивизмот, и има учествувано во голем број сликарски здруженија и изложби. Во творештвото, меѓу другото, има користено и иконографија и руски народни мотиви. Заедно со својот сопруг Михаил Ларионов, кој исто така беше сликар, долго живееше во Франција, каде и двајцата работеа на сценографијата и на костимите за „Руските сезони“ на Дјагилев. Сликата на Наталија Гончарова „Берба на јаболка“ во 2007 година беше продадена на аукција во лондонскиот „Кристи“ за 4,9 милиони фунти (речиси 10 милиони американски долари), што е рекордна цена за платно за сликар од женскиот пол. Веќе следната година нов рекорд постави нејзината друга слика под назив „Цвеќе“ која е продадена за 5,5 милиони фунти (10,9 милиони американски долари). За нешто повеќе од 10 милиони американски долари (6,4 милиони фунти) во 2010 година во Лондон се продаде и нејзината апстракција „Шпанка“.
Николај Рерих е еден од најмистериозните и најсамобитни руски сликари. Најмногу е познат по хималајските пејзажи и по произволната интерпретација на религиските, особено на библиските мотиви. Платната на овој плоден сликар често се изложуваат на аукции и љубителите на руското сликарство за него издвојуваат стотици илјади фунти, па дури и милиони долари. Така „Најголемата и најсветата Тангла“ од циклусот „Шамбала“ беше продадена на аукција во „Кристи“ за 1,42 милиони американски долари. „Лао Ци“ е продадена за 1,9 милиони долари, а „Чадови на светот“ за 2,5 милиони американски долари. Рекордна цена во аукциската куќа Bonhams (а, и рекордна за слика на Рерих) беше постигната во 2013 година кога неговото дело „Madonna Laboris“ беше продадено за 12 милиони американски долари (7,9 милиони фунти).
Платната на руските реалисти и передвижники кои сликале кон крајот на 19 и на почетокот на 20 век ретко се појавуваат на аукциите за разлика од руската авангарда, А, кога ќе се појават, се продаваат по значително пониска цена (највисоката цена по која се продавани сликите на Иван Ајвазовски, на Архип Куинџија и на Иван Шишкин беа нешто над три милиони американски долари). Сосема случајно во 2014 година на аукција во лондонскиот „Кристи“ дојде „Портретот на Марија Цетлина“ на Валентин Серов. Ја изложи израелскиот Музеј на руска уметност во Рамат Гану, кому Марија лично му го има оставено ова платно. Сликата беше продадена за 9,27 милиони фунти (14,5 милиони американски долари), што во тој момент беше апсолутен рекорд кога станува збор за руски уметнички дела кои некогаш биле продадени во Лондон.
За Хаим Сутин често се вели дека е француски сликар и мајстор на „Париската школа“, но тој е роден во Руската Империја (во Минската област, на територијата на денешна Белорусија), во еврејско семејство. Кога имал 20 години заминал во Париз за да студира сликарство. Таму, секако, се запознал со многумина познати сликари и добро се спријателил со Амедео Модилјани. Сутин има насликано неколку портрети на овој Италијанец. „Портретот на маж со црвен шал“ во 2007 година на аукцијата на куќата „Сотби“ беше продаден за 17,2 милиони американски долари, а една година претходно неговиот „Одран вол“ на аукцијата на куќата „Кристи“ отиде за 15,2 милиони американски долари. Во текот на првата деценија од овој век белоруската банка откупи три платна на Сутин: „Големи ливади во Шартр во вијадукт“ (400.000 американски долари“, „Ева“ (1,8 милиони американски долари, најскапата уметничка слика во Белорусија) и „Заспана со книгата. Мадлена Кастен“ (450.000 американски долари).
Се смета дека Јавленски е можеби и првиот руски експресионист. Тој се има запознаено со овој стил во Германија каде се преселил уште пред Првата светска војна и станал еден од членовите на уметничкото движење на Кандински „Синиот коњаник“. Во Русија, пак, не беше познат сѐ до почетокот на веков, кога во Рускиот музеј беше одржана голема изложба на неговите дела. Зголемениот интерес за Јавленски критичарите го објаснуваат со фактот дека неговото платно „Шоко во шешир со широк обод“ продадено во 2003 година на аукција на куќата „Сотби“ за 8.3 милиони американски долари, а во 2008 година веќе за 18,6 милиони американски долари. Сликата „Кафеави очи во 2006 година беше продадена на аукција на куќата „Кристи“ за 5,5 милиони американски долари.
Вистинското име му е Николај Стаљ фон Холштејн. Тој му бил син на генералот на руската армија и барон со далечни германски корени. По Револуцијата семејството со петгодишниот Николај било принудено да емигрира од советска Русија. Татко му и мајка му починале рано, а Николај го посвоило белгиско семејство. Студирал сликарство на Кралската академија за убави уметности во Брисел, а подоцна живеел во Франција, во Италија и во Шпанија. Големо внимание врз него имале тогашните руските емигранти Хаим Сутин и Василиј Кандински. Се смета дека Стаљ е истакнат претставник на ташизмот, апстрактен експресионизам кој беше одговор на кубизмот. „Лежечкиот акт“ на Стаљ на аукција на париската куќа Srtcurai во 2011 година беше продадена за 7 милиони евра (9,4 милиони американски долари), а во 2018 година сликата „Цвеќе“ на аукција на куќата „Кристи“ отиде за 8,3 милиони евра (9,7 милиони американски долари), додека „Стоечкиот акт“ беше продаден за 12 милиони американски долари. Рекордот на темата акт го поби во 2019 година неговата огромна апстракција „Големите фудбалери“. Таа на аукција на „Кристи“ беше продадена за 22 милиони американски долари.
Овој сликар во својот живот почувствувал што значи да се биде навистина сиромашен, а само пет години по неговата смрт (во 1990) платното „Јубилеј“ беше продадено на аукција во „Сотби“ за 14,85 милиони американски долари. Го купи јапонскиот бизнисмен Хронори Аоки кој во својата колекција веќе има околу 30 дела од овој сликар. Аукциската куќа „Сотби“ двапати ја продаде сликата „Големиот циркус“, првиот пат во 2007 година за 12 милиони американски долари, а вториот пат во 2017 година за 16 милиони американски долари. Истата година за 14,5 милиони американски долари беше продадено платното „Три свеќи“, додека „Љубовници“ отидоа за цели 18,45 милиони американски долари.
Апстракционистот Кандински со својот неповторлив стил е еден од најпознатите руски сликари на светот. Неговото платно „Фуга“ на аукција на куќата „Сотби“ во 1990 година ја купи колекционерот Ернст Бејлер за 38,2 милиони американски долари, за во 2017 година дури две слики на Кандински да ги побијат рекордите на аукција на „Сотби“: Мурнау. Виножито“ тогаш беше продадена за 26,7 милиони американски долари (и беше продадена за 22 минути, што е исто така рекорд), а „Слика со бели линии“ отиде за 42 милиони американски долари.
Малевич е вистински рекордер. Многу негови дела во повеќе наврати беа на листите на најскапите слики. Така во 2015 година на аукција на куќата „Сотби“ неговиот „Мистичен супрематизам“ беше продаден за 38 милиони американски долари, а „Супрематизам. 18 конструкција“ за 34,1 милион американски долари.
Најскапата руска слика на сите времиња во овој момент е „Супрематистичка композиција“ на Малевич. Таа во 2008 година на аукција на куќата „Сотби“ беше купена за 60 милиони американски долари, а веќе во 2018 година го обнови сопствениот рекорд кога анонимен купувач на аукција на њујоршкиот „Кристи“ за неа плати 85,8 милиони американски долари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче