Современите ирански мајстори исткајаа тепих за кабинетот на царот Николај II

Државeн музеј-резерват „Царскоe Село“
Во државниот музеј-резерват „Царско село“ во тек е реставрација на внатрешноста на дворецот во кој живееше последниот руски цар.

Николај II поголемиот дел од своето време го поминувал со своето семејство во Александровскиот дворец во Царское Село, предградие на Петербург. За време на Втората светска војна дворецот беше сериозно оштетен и најголемиот дел од историскиот ентериер беше изгубен.

Александровски дворец, стариот кабинет на царот Николај II.

Денес е во тек интензивна реставрација и реновирање како на надворешниот, така и на внатрешниот простор. Понекогаш тоа се прави прецизно и до најситни детали, како што е случајот со автентичното парче мебел - диванот во работниот кабинет на Николај II.

Неговиот детален изглед е опишан во инвентарните книги. Меѓу другото, се наведува дека бил тапациран со персиски кадифен „фараган“ тепих со различни мотиви на стилизирани растенија на темносина позадина во центарот, и лента по работ, со разнобојни украсни медаљони и стилизирани цвеќиња на светлозелена подлога.

Тепихот, исто така, е изгубен, но денес иранските мајстори направија нов според древните персиски технологии.

Работен е со помош на техниката на јазли (160000 јазли на метар квадратен), природен конец од овча волна со додавање на фино камилско подвлакно. За боење се користени природни бои: кора од даб, овошје, лист од лимон и урма, што овозможи да се постигне историската веродостојност при копирањето стари примероци.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња